Според резултатите од едно истражување апсолутно нема придобивки од работењето прекувремено, бидејќи тоа ѝ наштетува не само на работата, туку и на вашиот социјален и ментален живот, како и на здравјето воопшто. Можеби не се чувствувате така кога е 18 или 19 часот, а сè уште сте во канцеларија, но луѓето кои навреме си одат од работа се поздрави и посреќни.
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
А еве ги и причините зошто треба во 17 часот да се упатите кон дома:
Работењето прекувремено не е продуктивно
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
Студиите покажале дека во одредена мера, со работењето прекувремено нема да постигнете поголеми резултати – секој дополнителен час во канцеларијата е многу помалку продуктивен од претходниот. Затоа многу работодавачи ја мерат продуктивноста според резултатите наместо според часовите и всушност не се грижат ако работите помалку часови, сè додека го извршувате зададеното.
Ќе бидете поздрави
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
Прекувременото работење резултира со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, замор, ниско ниво на енергија и лошо здравје. Студијата спроведена на 3 континенти открила дека луѓето кои работат над 55 часа неделно имаат за 33% зголемен ризик од мозочен удар, во споредба со луѓето кои имаат под 40 часа неделно. Исто така, според оваа студија, оние кои работат подолго имаат за 13% поголем ризик од срцеви заболувања.
Ќе завршите повеќе обврски во текот на денот
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
Ако се навикнете да ги завршувате сите ваши задачи до 17 часот, ќе сфатите дека всушност не ви треба дополнително време и тоа е супер! Избегнувањето на непотребниот дефокус од работата, долгите паузи за кафе или секојдневни разговори со колегите, значи подобрување на вештините за управување со времето. Луѓето кои го практикуваат овој распоред на работа, тврдат дека тоа навистина прави да ја напуштите канцеларијата чувствувајќи се добро и испонето поради завршените обврски.
Ќе знаете како да ги заштитете сопствените граници
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
Поставување граници и давање до знаење дека ја напуштате канцеларијата во 17 часот, дури и ако вашите колеги претпочитаат да остануваат до подоцна, ја поставува вистинската атмосфера во канцеларијата. Честопати луѓето не заминуваат на време само затоа што не сакаат да се однесуваат поразлично од колегите и тоа да не делува како да не се доволно посветени. Важно е сите да сфатат каде завршуваат работните обврски, а каде започнува приватниот живот.
Ќе уживате во вашето слободно време и добро ќе се одморите
Зошто луѓето кои го напуштаат работното место навреме имаат подобар живот
Можеби никогаш не се чувствувате уморно од останувањето во канцеларијата до подоцна, па можеби и ја сакате работата, но кога ќе си отидете дома на време, ќе почувствувате колку е убаво да имате дополнителен час или 2 секој ден, само за себе. Ќе имате време за дружба со семејството и пријателите, за спортување, прошетки со вашето куче и занимавање со вашето хоби.
Овие активности го полнат телото со енергија. Не мора да вклучувате други луѓе во вашите активности во слободно време, доколку не сакате. Времето за себе е од суштинско значење за долгорочно ментално и физичко здравје и има големо влијание врз нашата продуктивност и квалитетот на животот воопшто.