Дали навистина постои сезона на разводи? Според една студија на Универзитетот во Вашингтон, да. Навистина постои период од годината кога браковите се со поголема веројатност да се распаднат.
Податоците собрани во 2016 година покажуваат дека има врв во тајмингот на поднесување барање за развод, кој се случува во март и април.
Истражувањето го составиле професорката по социологија Џули Бринс и докторантот Брајан Серафини, кои заклучиле дека овој врв укажува дека луѓето во брак поднесуваат барање за развод по зимските празници.
На почетокот на годината има надеж за нов почеток, но тој оптимизам се менува по завршувањето на празниците“, објаснуваат тие.
Што друго заклучија? Дека празниците можат да бидат смртоносни за една врска.
„Во празниците секогаш влегуваме полни со очекувања и се трудиме да ги направиме што е можно попосебни, но кога ќе завршат, останува тажната реалност која се криеше зад празничното расположение.“