Зошто Мицкоски крие дека ќе се сретне со бугарскиот бизнисмен и мафијаш Волканов во Влада?

Бугарскиот бизнисмен Николај Волканов денеска ќе се сретне со премиерот Мицкоски во Владата, дознава Инфомакс од сопствени извори.

Средбата не е најавена во медиумите, но истата треба да се одржи во периодот од 17 до 18 часот.

Волканов е сопственик на БУЛМАК, компанијата која е концесионер на рудниците Тораница и Злетово.

Во рудникот Тораница неодамна се случи хаварија од која беа загадени Крива Река и Тораничка Река. Испитувањата кои беа објавени од страна на Општина Крива Паланка и невладините организации покажуваа енормна количина на цијанид, олово и останати штетни супстанци во водата.

Мицкоски се сретна со Волканов и во април минатата година.

Волканов е бугарски бизнисмен, член на бордот на директори на „Мултигруп“, компанија позната во бугарската, а и во македонската јавност по низата мафијашки дејанија на нејзините основачи и директори. Компанијата се поврзува и со атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, но за тоа малку подоцна.

Волканов има десетици компании во Бугарија, очигледно веќе е навлезен и во Македонија, а Мицкоски можеби му подготвува и свечен пречек во некои македонски гиганти?

Мултигрип е позната, меѓу другото и по атентатот на нејзиниот основач, Илија Павлов, кој е убиен во 2003 година. Во ноември 2002 година, полскиот магазин „Впрост“ го процени неговото богатство на 1,5 милијарди долари, но по само неколку месеци тој беше застрелан од снајпер пред канцеларијата на „Мултигруп“. Не мора да истражувате повеќе, кога на Википенија ќе ја отворите страницата за Павлов, во првата реченица пишува „Илија Павлов е бугарски мафијаш, спортист, бизнисмен, масон“….

Детали за претходната средба прочитајте во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: