Па се знае зошто молчи. Оти на дело е една голема фарса по вчерашното фијаско на промотивниот митинг на Мицковски. Тој ги има извештаите од МВР за бројките и знае дека имало максимум 15.000 присутни. Но тоа се брои и според бројот на автобуси како и на квадратурата пред Владата, која намерно беше стеснета скоро на пола со метални огради од двете страни. Па затоа си молчи Заев и си гледа сеир. Гледа како „според тајниот договор“ си се тера тајната коалција. Одозгора на тоа Мицковски само што му даде уште една година да се консолидира. Оти побара предверемени избори за доцната пролет ама идната годиниа.
Молчи Заев оти знае дека ВМРО имаше посилен митинг во октомври кога беа присутни спин мајстори од една пријателска земја за истиот да го организираат, па сепак загуби со 100.000 гласа катастрофално на локалните. Бај д веј локалните уште не сме увиделе зошто поминаа вака, но веќе се распоредуваат директорските позиции за идната победа ама за после некоја година… Погрешен пристап момци. Да ви каже Леонардно, сум гледал вакви циркуси низ вековите доста. Па и премногу. Ги гледав сите гарнитури на ВМРО овие 27 години ама ваква самозаљубеност не бев видел.
Да ти отидат синојка да слават ко да победиле на парламентарни избори. Па лиферуваат фотографии на озарени лица, лица кои истовремено се скоро секој ден по рочишта. Кој кого овдека зеза а? Го злоупотребија членството кое дојде да слушне сосема поинакви тези и најави за борба. А слушнаа 30 пати „драги сограѓани“… Не смее ли Мицковски да спомене МАКЕДОНЦИ? И зошто?
Најнакрај, да ве прашаме јавно вас од центарот за лаги и манипулации на врхушката – сега не ви чиниме и затоа сме соросовци? Сега комуњари ли сме? Не известуваме како што диригирате и затоа сме ви на листа за отстрел? А Иво? Се слушаме?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.