ЗОШТО НАУКАТА ГО ОДСТРАНИЛА “ЕТЕРОТ” ОД ПРВАТА ТАБЛИЦА НА МЕНДЕЛЕЕВИОТ СИСТЕМ?

Бришењето на њутониумот му овозможува на Алберт Ајнштајн, со позајмените идеи на Анри Поанкаре, да ја создаде специјалната Теорија на релативноста. Физичарите се откажуваат од поимот етер и го признаваат електромагнетното поле како доволен објект кој не е потребен како дополнителен носител на етерот. Или кажано на друг начин, наместо етерот, сме го прифатиле електромагнетното поле како поим за дистрибуција и интеракција во кое нема потреба да има етер, бидејќи самото тоа е доволно.

За последен пат, вистинскиот Менделеев систем беше на виделина во 1906 година во Санкт Петербург (учебникот „Основи на хемијата“, VIII издание).
И дури по 96 години заборав, оваа табела за првпат воскреснува од пепелта благодарение на објавувањето на дисертација во списанието „ЖРФМ“ на Руското физичко општество. Укинувањето по 1906 година на етерот, изродило бројни шпекулации и стана омилено кај љубителите на теории на заговор, претставува „храна“ на љубителите на трансцедентното и окултното да развиваат секакви теории врз база на Семоќниот етер во кој живееме и од кој е составен универзумот.

Интересен факт е дека Менделеев не зема Нобелова награда за откритието. Иако е номиниран во 1906 година за наградата за хемија, Шведската кралска академија се противи. Оваа интервенција се објаснува со силното влијание на шведскиот хемичар Сванте Арениус, нобеловец по хемија за 1903 година за Теоријата на електролитната дисоцијација, на која Менделеев бил познат критичар. Рускиот научник умира следната година и така не е меѓу признаените. „Обид за хемиско разбирање на светскиот етер“, 1905 година, стр. 27 „Ако аналозите на аргонот воопшто не даваат соединенија, тогаш е очигледно дека не можеме да вклучиме ниту една од групите на порано познатите елементи и за нив треба да откриеме посебна група – нулта…

Оваа состојба на аргоновите аналози во нултата група е строго логична последица од разбирањето на периодичниот закон, затоа (ставањето во група VIII очигледно не е точно) е прифатена не само од мене, но и од Брајзнер, Пичини и други…
Сега, кога нема ни најмал сомнеж дека пред оваа I група, во која треба да го поставиме водородот, постои нулта група, чии претставници имаат тежина на атомите, помала отколку на елементите од I група, ми се чини невозможно да го негираме постоењето на полесни елементи од водородот. Од нив, треба да се обрне внимание прво на елементите од првата серија на првата група. Го означуваат го со „y“. На него очигледно ќе припаѓаат основните својства на аргоновите гасови… Корониумот е со густина од редот на 0,2 спрема водородот и тој не може во никој случај да биде светски етер.Овој елемент „у“ сепак е потребен за мисловно да се доближиме до овој најнов главен, затоа и најбрзо движечки елемент „х“, кој според мојата визија може да се смета за етер. Посакувам однапред да го наречам њутониум – во чест на бесмртниот Њутн. Привлекувањето и задачата на целата енергија не може да има реално решение без реалното разбирање на етерот како светска средина, таквата енергија на далечина. Вистинското разбирање на етерот не може да се постигне ако се игнорира неговото постоење и не се смета за елементарна материја.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.