Зошто некои луѓе не можат да пронајдат љубов?

И покрај развојот на социјални мрежи, осаменоста е еден вид на епидемија која вртоглаво се шири. Речиси 50 отсто од возрасните луѓе имаат проблем да пронајдат партнер. Одлучивме да ги пронајдеме причините кои ги спречуваат луѓето да изградат долги и хармонични врски.
Ова се 6 најчести причини поради кои луѓето се сами, користејќи примери од познати филмови.
Ја идеализирате врската
Сите имаат сопствена идеја за совршена врска. Некои луѓе можеби се инспирирани од романтичен филм, а некој можеби е инспириран од книга. И најчесто, луѓето сонуваат тоа да им се случи во вистинскиот живот.


Пример: За жал, некогаш реалноста ги уништува илузиите, како што тоа често ѝ се случуваше на Бриџит Џонс. Не постои такво нешто како идеална врска и не постојат совршени парови.
Што да правите: Треба да сфатите дека вашиот партнер е вистинска личност, а не лик од книга. И кога ќе бидете во врска со некого, имајте на ум дека таа личност има маани исто како и сите други луѓе на светов.
Немате почит кон себеси
Почитта кон себе и кон другите е основата и темелот на сите врски, вклучувајќи ги и романтичните врски. Дали навистина можете да сакате личност која не се цени себеси? Во таков случај, целиот однос ќе биде заснован на сожалување, а тоа не е добро за никого.
Пример: Ликот на Кејт Винслет во „Одмор“ (The Holiday) беше заљубена во тип кој ја искористуваше нејзината лојалност и талент. Сѐ се промени во моментот кога таа одлучи да се ослободи од нејзината зависност од љубовта. Таа ги промени своите околности, луѓето околу неа, пронајде нови интереси и пронајде нова љубов.


Што да направите: На почетокот, треба да си пронајдете сопствена внатрешна поддршка за да си помогнете самите на себе кога ќе се чувствувате потиштено. Вашите сопствени постигнувања, хобија, знаење или принципи навистина ќе ви помогнат во овој процес и ќе ви помогнат да ја пронајдете сопствената вредност. Не дозволувајте никој да направи да се сомневате во себеси.
Премногу навлегувате во туѓиот личен простор
Веќе одамна кружи еден муабет дека манипулацијата може да ја поправи врската. Но, никој не сака да биде манипулиран, ниту пак сакаме некој да нѐ менува.
Пример: Ликот на Розамунд Пајк во „Изгубената девојка“ (Gone Girl) се обидува да го казни својот сопруг затоа што ја изневерил и толку многу навлегува во тоа што таа го претвора во своја играчка и го принудува да поминува низ премногу предизвици. Секако, откако ќе се врати, сфаќа дека љубовта и довербата исчезнале и дека тој се плаши од неа.
Што да правите: Во секоја врска, мора да има играници. Секој има свои граници и тие граници завршуваат онаму каде што почнуваат границите на другиот. Ако не ви се допаѓа однесувањето на партнерот и тие знаат за тоа, а сепак не сакаат да се променат, треба да направите избор: или да останете или да заминете. Не можете да промените некој кој не сака да се промени.


Не знаете да простувате
Сите прават грешки, па и вие. Но, понекогаш се случува да направите грешка и едноставно да не можете да ја вратите довербата на другата страна, дури и кога знаете дека нема да ја направите таа грешка. Често сме премногу строги кога ги судиме другите, а не сме доволно строги кога се оценуваме себеси.
Примери: Рејчел во „Пријатели“ долго време не можеше да му прости на Рос за неговото изневерување. Тие постојано раскинуваа и се смируваа, но конечно по 10 години тие се смирија.
Што да напрпавите: Не мора да прифатите работи со кои воопшто не се согласувате, но истовремено треба да внимавате да не осудувате. Дури и ако навистина сте повредени и навредени, но сепак сте посветени на врската, дозволете им повторно да се обидат. Дајте им втора шанса. Секако, доколку повторно ја изневерат вашата доверба, тогаш заминете си без око да ви трепне.
Не сте подготвени за врска
Ние секогаш ја гледаме љубовта како извор на неверојатна среќа и задоволство. Но, понекогаш многу е поважно прво да се соочиме со некои поважни работи пред да се фокусираме на врска.
Пример: Ова е една од пораките во филмот „Дивина“ (Wild), кој е базиран на автобиографијата на Шерил Стрејд. Една девојка која сама пешачи повеќе од 1800 километри за да го преболи разводот, смртта на нејзината мајка и да пронајде внатрешен мир.
Што да направите: Понекогаш треба да бидете сами за да успеете да го поправите она што не чини во вашиот живот и да пронајдете среќа пред да влезете во врска. На тој начин ќе ја развиете сопствената сила и самодоверба и многу ќе ви биде полесно да бидете среќни со некој друг.
Премногу се фокусирате на себеси
Себичните луѓе се главната причина поради која луѓето раскинуваат. Ако една личност мисли само на себеси и на сопствените потреби, тоа навистина може да ја убие љубовта меѓу двајца луѓе. Дури и ако таа личност мисли дека прави нешто добро за врската.
Пример: Единствената причина поради која девојката во „Како да изгубите дечко за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) не го оттурна дечкото од себе бепе фактот дека тој се обидуваше да добие облог и се трудеше да ја оддржи врската што е можно подолго. Тој навистина се заљуби во неа откако таа заборави на своите „желби“ и почна нормално да се однесува.
Што да правите: Себичните луѓе мора да сфатат дека светот не се врти околу нив, особено ако сакаат успешна врска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.