Зошто немам потреба да ја изневерам својата жена?

Пред цел месец бев во друштво со мои познаници и учествував во интересна приказна за бракот и односите со жените. Кажав дека сум и понатаму среќен во бракот и дека немам никаква потреба да ја изневерам својата жена. Тие ме погледнаа со неверување и почнаа да се смеат.
Морам да признаам дека до пред некое време мислев дека склоноста на мажите кон неверството е малку претерано и дека голем дел од нив не се подготвени да ги изневерат своите девојки или жени. Мислев дека меѓу 10 мажи, само еден или двајца би го направиле тоа. Но, во ваквите разговори сфаќам дека сум бил многу наивен.
Тоа што ме изненади е дека мажите кои ги знам немаат посебен став за тоа, туку за нив тоа е едноставно така. Дека тоа е нешто со што живеат и функционираат. Тие одредиле дека ќе ја одвојат својата врска или брак од тајниот живот и едноставно нештата се такви.
Кога зборувам за изневерување, не мислам на нова романтична врска или некоја забранета љубов, туку и на искористена прилика за секс со друга жена, која може но и не мора да се повтори. Зборувам на потребата на мажот да има „нешто на страна“’.


Не би сакал да навлегувам во причините зошто се впуштаат во тоа бидејќи секоја паричка има две страни, а и секој однос и врска не се исти. Но, голем дел од мажите не се свесни дека таквото однесување носи големи последици.
Причините поради кои не би ја изневерил својата жена не се поврзани само со неа, туку и со моите ставови и принципи. Можеби сум старомоден, но сакам да живеам според нив.
Чест и почит
На денот на нашата свадба ја погледнав во очи и и дадов ветување дека ќе ја сакам до крајот на животот. Мојата чест не ми дозволува да го прекршам таквото ветување. Затоа, на секој начин ќе се трудам да ја почитувам и заедно со неа да ги решавам проблемите и предизвиците кои ни доаѓаат во заедничкиот живот. Јас не би сакал да се погледнам во огледало знаејќи дека сум ја изневерил својата жена.


Сакам да разговарам со неа
Со својата жена можам да разговарам на сите теми. Тоа е нашето секојдневие. Не постои ден кога не зборуваме искрено барем на половина час, на мир. Тука мислам на секојдневите работи поврзани со бракот, домаќинството и децата, но и секојдневни разговори на различни теми.
Таа се грижи за својот изглед
Никој од нас не изгледа како пред 20 години кога се запознавме, но јас можам да кажам дека мојата сопруга е се уште преубава и физички и психички. Внимава на себе, на својот изглед, го храни својот ум и љубопитна е за нештата околу неа. Кога ќе погледнам во не, гледам дека таа се менува, но дава се од себе за да се одржи себеси. И тоа не за мене, туку пред се, за самата себе.
Блискост и интимност
Свесен сум дека кога би одбрал друга жена барем и само на една ноќ, дека веднаш би ја изгубил оваа блискост и интимност која ја имам со неа. Таа легнува стисната до мене и ме буди со бакнеж. Никогаш не би сакал да го загрозам тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.