Ако често завршувате со скршено срце и ја губите сета надеж дека ќе го најдете вистинскиот, можеби (само можеби) тоа е така поради некои ваши грешки кои се причина зашто не можете да го најдете вистинскиот.
Експертите за врски идентификуваат неколку клучни грешки кои жените несвесно ги прават, а кои ги држат далеку од стабилна и долготрајна врска.
1.Премногу брзо донесувате заклучоци
Слушате иста музика, сакате исти филмови и книги, уживате во иста храна и пијалок. Заклучивте дека сте совршено компатибилни, само по една недела одкако започнавте романса. Тоа често се покажува погрешно. Со идеалниот маж можете совршено да се согласувате, но исто така, совршено можете да се согласувате и со некој кој не е толку совршен, односно, често ве разочарува, изневерува, не ги исполнува вашите желби и очекувања, едноставно, во сите други работи не е добар за вас. Ако покрај него не се чувствувате опуштено, чувствувате дека комуницирањето тешко ви оди – не влевајте надеж дека тоа ќе се смени. Вие само ќе се трудите премногу, и по неколку месеци ќе бидете оставени сами скршено срце. Значи, не брзајте!
2.Не го барајте г-динот Совршен
Ако сакате стабилна и силна врска, тогаш треба да се загледате во маж кој го сака истото – а не во егоистичен, самобендисан убавец кој повеќе време поминува пред огледало дури и од вас и најдобро се чувствуваат кога е сум со себе. Мажите кои сакаат сериозна врска не е толку тешко да се најдат. Тие обично имаат зад себе долга врска, нивниот круг на пријатели е многу голем и разновиден, и добро се согласуваат со колегите и семејството.
3. Нетрпеливи сте и ги брзате работите
Сигурно сте имале период кога ништо не ви оди од рака. Тогаш веројатно ќе сакате се да поправите набрзина. И често се сопнувате. Не го правете тоа – особено кога мажите се во прашање. Во таквите моменти, склони сте кон намалени критериуми и се согласувате со нешто со кое ни во бунило не би се согласиле. И подоцна, тоа е тешко да се поправи. Значи, не очајувајте, бидејќи се ќе си дојде на своето место. Затоа, работете на себе, и не мислете дека ќе ви помогне новата љубов. Едноставно, уживате во вашиот живот и вашето време ќе дојде …
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ако често завршувате со скршено срце и ја губите сета надеж дека ќе го најдете вистинскиот, можеби (само можеби) тоа е