Зошто не треба да седите со прекрстени нозе?

Кога станува збор за седењето, многу жени, но и мажи, имаат едно заедничко нешто – прекрстувањето на нозете. Најверојатно на овој начин ги спречуваат несаканите погледи под здолништето. Но иако изгледа елегантно, овој начин на седење е сè освен безопасен по здравјето. Погледнете зошто.
Зошто не треба да седите со прекрстени нозе?
1. Страдаат нервите
Доколку сметате дека при овој начин на седење трпи само долната нога, се лажете. И двете нозе страдаат. Имено, во областа на колената се наоѓа важен нерв, кој доколку предолго и преинтензивно се притиска, ќе го умртви долниот дел на ногата и стапалото. Доколку се оштети неповратно, може да предизвика дури и парализа на стапалата и ножните прсти.


2. Се зголемува крвниот притисок
Покрај нервите, со овој начин на седење ги притискате и крвните садови, па можно е да се намали дотокот на крв до срцето. Поради ова, другите крвни садови мораат да ја преземат задачата и поради тоа преоптоварување, се зголемува крвниот притисок. Притисокот можеби ќе се намали брзо, но тоа не значи дека крвните садови ќе останат неоштетени.
3. Проширени вени
Само од прекрстувањето на нозете нема да ви се појават проширени вени. Но поради другите фактори, како напнатост, генетски предиспозиции или бременост, би требало да бидете внимателни. Притисокот што го трпат крвните садови во оваа положба на седење може да предизвика оштетување.
4. Влошено држење на телото
Седењето со прекрстени нозе не е природната положба на телото. Доколку секојдневно седите на овој начин, ризикувате да го искривите вашиот грб. Сигурно не сакате целиот живот да го поминете со болки во грбот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.