“Зошто никогаш не посакував деца?”: Дали вработените мајки се “осудени” на пропаст?

Се поголем број жени во Јужна Кореја бираат живот без деца, не се венчаат па дури и не посакуваат живот во заедница со партнер. Со најниска стапка на плодност во светот, популацијата на оваа земја е во постојано опаѓање и се намалува до загрижувачки граници.
“Не планирам да имам деца. Некогаш”, вели 24-годишната Јанг Јунва од Сеул која додава дека не сака да ја искуси болката при раѓање на детето.
Таа додава и дека тоа би значело лоша перспектива во однос на нејзината кариера. Како и многу млади во Јужна Кореја, ужасната конкуренција во работата и високата компетитивност на пазарот на труд ја условиле оваа девојка која по професија е цртач на стрипови, долго да се бори за “своето место под сонцето”. Токму поради тоа, таа не сака да го напушти местото и да го препушти на некој друг.
“Повеќе сакам да живеам сама, сакам да се чувствувам и да бидам независна и да ги исполнам своите соништа”, додава Јанг.
Но, оваа девојка не е единствениот ваков случај во Јужна Кореја. Иако постојат закони кои спречуваат жените да бидат дискриминирани доколку се определат за бременост и деца, во пракса работите не се толку идеални.


Чои Мун која живее во предградието на Сеул е доказ за тоа. Кога му кажала на својот надреден дека очекува дете, таа била изненадена од неговата реакција.
“Шефот ми кажа дека кога ќе добијам дете, тоа ќе биде мојот приоритет во животот, а не компанијата. Ме праша дали сметам дека би можела да продолжам да работам во такви околности, а тоа прашање го повтори неколку пати”, изјавила Мун.
Таа работела како сметководител, а нејзината работа и притисоците секојдневно се зголемувале. Нејзиниот надреден постојано ѝ доделувал се повеќе задачи, а кога се пожалила, тој го сфатил тоа како недостиг од заинтересираност и посветеност во работата.
“Викаше на мене. Седев и го слушав под ненормален стрес, цела се тресев”, признала младата девојка која набрзо завршила во болница.
Лекарите констатирале дека стресот предизвикал симптоми слични на спонтан абортус, а тоа било знак дека Чои Мун треба да ја напушти работата и да се посвети на себеси и своето семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.