Џим Деневан е готвач и уметник кој во 1999 година го вовел интересниот гастрономски концепт односно „сервирање на храната до изворот на нејзините состојки“. Така неговите гости имаат можност да уживаат во храна директно од полињата. Едноставна, но многу продуктивна идеја, имајќи предвид дека таков „скитник ресторан“ може да патува низ целиот свет со цел да се приближи до изворот на храната.
Зошто овој ресторан во природа е еден од најубавите во светот?
Овој оригинален ресторан патува низ различни светски дестинации и ги поставува своите маси на најнеобични локации како што се планинските врвови, пештерите, полињата и островите. Секоја поставена маса е во чест на луѓето чија напорна работа во полињата ја дава вечерата на масата. Овде се главни земјоделците, лозарите, сопствениците на земјиштето, а вечерите се наоѓаат токму на нивната земја или близу за да може да се порача локална храна.
Џим ги поставува своите 150 столови на различни места како полињата во Мексико, плажите околу Никарагва или заливите во Австралија. Не мора ни да ви кажеме дека секој од овие настани претставува мало уметничко дело.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.