Зошто паровите најчесто раскинуваат во недела?

Ако размислите за вашите претходни партнерства и врски, ќе сфатите дека најмногу раскинувања се случиле во последниот ден во неделата.
Постојат бројни објаснувања за ова, а ние ќе се обидеме да ги разјасниме причините зошто паровите обично раскинуваат во недела.
Погледнете кои се најчестите:
Престојување во истиот простор
Во недела повеќето луѓе не одат на работа, а паровите кои живеат под ист покрив мора да го поминуваат времето заедно. Ако не сте доволно креативни, неделите со себе носат рутина и здодевност.
Овие феномени не се добр спој, па наместо да се релаксирате, се соочувате со напнатост и расправии.


Повеќе време на располагање
После цела недела деловни обврски, состаноци и рокови, време е за одмор. Сепак, многу парови не се во можност да го искористат слободниот ден на вистински начин.
Поради ова, пак, се појавува едно од најнепријатните чувства – вознемиреност. А, вашата вознемиреност речиси сигурно ќе се одрази на врската.
Посета на семејство или пријатели
Недела е ден за дружење со семејството и пријателите, што исто така може да предизвика вознемиреност и непријатност. Самата помисла на голем собир во станот може да делува стресно.
Ова понекогаш вклучува гости кои можеби не се пријатни. Затоа, веднаш штом ќе се затвори вратата, нетолеранцијата често излегува на виделина.


Повеќе време за размислување
Кога не сме зафатени со нашата работа, низ нашите мозоци почнуваат да циркулираат различни мисли. Ова честопати води до љубовни проблеми, затоа што нашиот партнер е пред нашите очи.
Почнувате да ја доведувате во прашање вашата врска, се фокусирате на незадоволството и желбата да избегате од сè.
Непријатна тишина
Иако се чини дека сите бараме мир и тишина, всушност истите честопати прават да се чувствуваме непријатно.
Причината е едноставна – во брзите периоди во кои живееме, навикнати сме на постојани најави, аларми и потсетници, односно работи што ни недостасуваат во недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.