ЗОШТО ПОВТОРНО СЕ НАПАЃААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ

👉Повторно сме сведоци на директен напад на вработените во културата од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која без никакви скрупули повторно фрла паушални цифри на плати на носители на дејност во институциите од културата.

👉Едно не ни е јасно, поради што министерката за финансии на пресови или гостувања прави вакви рекла-кажала малограѓански муабети, муабети за да се “забавља” народ. Дали навистина сака да го забавува народот со приказни за платите во културата или зад сето ова се крие друга цел. Речениците од типот ‘мене така ми кажаа’ и ‘ако не е вистина, институциите нека ме демантираат’ се неумесни за функција министер, посебно што дадената функција дава можности да се зборува со точни факти, а не прераскажани полувистинити случки.

👉Но нам не ни е проблем уште еднаш да ги објасниме работите и на јавноста и на дотичната министерка, која се надеваме дека ова го прави од несмасност, а не со предусмила и организирано за некои други цели.

❗️Најпрвин да демантираме дека плата на актер од 120 000 денари нема. Почетна плата на актер во МНТ и кој било друг театар во Македонија е многу пониска од 60 илјади денари. Податоците за висина на платите на актерите ги има во нејзиното министерство и не треба никој да ѝ ги кажува, па таа да ги прераскажува како ѝ ги кажале, туку треба самата да ги провери пред да дава вакви несмасни изјави.

‼️Што се однесува до изјавата дека пола вработени во театрите работат, а пола не работат и примаат плата, би сакале да обајсниме дека вработените во театарот добиваат работа од работодавачот, а тоа во овој случај се директорите кои секогаш во изминатитве 30 години се поставувани исклучиво партиски. Ваквата практика на партиски поставени директори е во сите гранки и сектори од културата. Па така доаѓаме до заклучок дека директорите, кои се поставени од самата владеачка номенклатура, не обезбедуваат работа за сите вработени, а истовремено ги напаѓаат вработените за неработење.

‼️Што се однесува до колешката од министерството за финансии, која е од Кавадарци и сака да работи како кустос во Музејот во Кавадарци за 72 000 денари плата (реално е многу пониска) ѝ порачуваме дека за кустос треба да има соодветно образование со законски дефинирани стручни квалификации утврдени со Правилник, што таа ги нема па, заради тоа може да проба да биде министер за 140000 денари плата за што ѝ требаат само партискa поддршка. 👉Мора да замериме и на недоличниот коментар за интелектуалното ниво на жителите од Кавадарци, кое според министерката е стигнато до стадиум на развој што подразбира кафеана и не е развиено до степен на музеј и библиотека.

‼️‼️За ваквите изнесени невистини и навреди би требло јавно да се извини и секако во иднина да престане со наратив, кој сака од вработените во кулурата да направи “лезилебовиќи”, кои не работат ништо, а земаат некакви почетни плати од 60 000 па сѐ до 120 000 денари.

👉Ваквиот наратив на напаѓање на вработените во кулурата ни е веќе добро познат и тој оди уште од поптишувањето на Колективниот договор во културата, кој очигледно е проблем и на сегашната владеачка номеклатура. Што е проблемот со културата❓Ако Колективниот договор за култура не е проблем, тогаш не ни е јасно зошто некој би водел ваков наратив против вработените во културата. Прашуваме: да не случајно е некоја поголема идеја за тотално разнебитување на културата воопшто⁉️

‼️Наместо да се решаваат постоечките проблеми во културата, кои и тоа како ги има и тоа многу, ние си правиме муабети за тоа дали системот бил фер. ⚠️Па дали е фер во културата да нема Колективен договор повеќе од 20 години? Дали е фер споментите кустоси да живеат со години со потпросечна плата на раб на егзистенција? Дали е фер никој да не ја спомне културата до пред потпишување на КД за култура, дали тогаш некој се запраша како живеат тие интелектуалци, доктори на науки, магистри, првенци, како ги издржуваат своите фамилии? Дали е фер…. согласни сме системот не е фер, но не по наша вина. Затоа министерката ја добила поддршката од народот да ги направи работите фер за сите, но не со напади и дискриминација на веќе постигнатиог статус на вработените во културата.

‼️Само платите ли се проблем во културата⁉️Дали знае министерката дека нема доволно стручен кадар во институциите, па истите се доведени до раб на егзистенција поради дефицит на вработени на клучни места за опстанок на институциите, а да не зборуваме за нормално функционирање, дали знае дека со години нема унапредувања, дека поради погрешни политики и партиски вработувања со години се вработува несоодветен кадар без никогаш направена соодветна функционална анализа, дека голем број институции пропаѓаат или за овие проблеми никој не ѝ кажал или можеби ѝ кажал, но не сака да ги чуе❓

👉За крај, дали министерот за култура Зоран Љутков и понатаму стои на ставот и дадената изјава дека платите во културата не се воопшто превисоки и ќе застане зад своите вработени да ги одбрани од вакви неосновани напади, невистини и рекла-кажала муабети.

‼️‼️На СКРМ му е доста од вакви малограѓански муабети и во минатото и сега, чекаме повик за работна средба и решавање сериозни работи и проблеми во културата и секако, почитување на Колективниот договор за култура, кој по долги години хаос направи ред во културата и ги стави вработените на едно достојно заслужено ниво какво што доликува на една Европска држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.