Зошто поранешниот ПР стратег на шарената револуција, СДСМ и претходната Влада го однесе Мицкоски кај Малкович? (опширен текст) $

Џон Малкович во Скопје затоа што сака да гради филмски студија, ова е наративот и насловите во 10-тици македонски медиуми откако холивудската актерска ѕвезда веќе година дена најавува дека сака да го промени ликот на главниот град.

Но суштината и главното прашање кое се наметнува е што впрочем сака да гради Малкович и како тоа ќе го промени ликот на Скопје ?!

Зошто поранешниот ПР стратег на шарената револуција, СДСМ и претходната Влада го однесе Мицкоски кај Малкович? (опширен текст) $

Малкович во 2022 година помпезно најави изградба на филмско студио во Скопје. Иако дури тогаш беше најавена изградбата на филсмкото студио како што дознава Инфомакс од свои извори, изградбата била договаран од пред неколку години, а Карпош бил избран како општина во која ќе се гради студиото уште во мандатот на екс-градоналачникот Стефан Богоев.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ на 08.08.2022 година.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“. Инаку се бара дозвола од Владата поради една и единствена причина, а тоа е желбата на инвеститорот овој проект да биде прогласен за стратешка инвестиција, со што проектот и инвеститорот би добиле низа на поволности меѓу кои и даночни олеснувања, помош од Владата на Република Макеоднија итн.

И како што дознаваме проектот на Малкович е токму заглавен во оваа Комисија.

Имено во септември месец во 2020 година, Владата носи одлука за формирање на Комисија за стратешки инвестиции која треба да одлучува кои проекти се од стратешко значење за државата и кои треба да добијат полна поддршка од институциите за што е можно побрзо изработување и ставање во функција на истите, еден од таквите проекти е токму изградбата на коридорите 8 и 10а.

Оваа комисија е формирана во време кога ПР стратег на СДСМ и на тогашната Влада е господинот Ерик Брнс за кој дознаваме дека лично го пропагира филмското студио на Малкович како стратешка инвестиција.

Сепак работите се одолговлекуваат имајќи ја во предвид пандемијата која го погоди светот, но и фактот дека градоначалниците на СДСМ го одбиле овој предлог.

Зошто Богоев, а денес Стевче Јакимовски и градоначалникот на Центар не се заинтересирани за овој проект е многу едноставно. Она што на јавноста ниту Малкович ниту било кој друг не и го соопштува е фактот дека покрај филмско студио, Факултет за филмска уметност и студенски дом ќе се градат помеѓу 30 до 50 згради што значи дека во скопските општини треба да никне бетонско чудовиште.

Овие 30 до 50 згради би имале површина од над 1 милион метри квадратни станбен простор кој би имал вредност доколку ја земеме пазарната вредност од 1.500 евра по квадрат во Скопје, тотална вредност од над 1.5 милијарди евра.

Како што напоменавме и претходно Ерик Брнс, американски државјанин долгогодишен ПР стратег на СДСМ и Владата, но и на шарената револуција лично го промовира овој проект и лично го носи Малкович во Скопје.

И веројатно метропола како Скопје заслужува да има едно филмско студио, но фактичката ситуација е малку поинаква бидејќи Малкович и неговите соработници инвеститори се многу повеќе заинтересирани за изградба на станбен комплекс кој ќе брои илјадници метри квадратни отколку со изградбата на филмско студио, факултет и студенски дом во кој би се едуцирале идните генерации на актери, режисери, камермани итн.

Токму ова прашање во прикриена форма го наметна на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски на поставувањето на камен темечлник на полициската станица во Аеродром на прашање на новинарите.

Ковачевски истакна дека инвестицијата на Малкович се уште се наоѓа на разгледување во Комисијата за стратешки инвестиции потенцирајќи го клучното дека се разгледува дали се работи само за филмско студио или за изградба на станбени единици кои во ниту еден случај не би спаѓале под капата на стратешка инвестиција.

-Се работи за проект поднесен од група приватни инвеститори и се разгледува од работна група која работи на оценка на стратегиските инвестиции. Овие инвестиции се гледаат од многу аспекти – дали има обезбедено простор, начинот на финансирање, што ќе прави на тој простор, дали во овој случај ќе прави филмски студија или планира да прави станбен простор, сè тоа ќе се разгледа. И доколку работна група оцени согласно стандардите наведени за стратегиски инвестиции, дека тоа е добар проект, тогаш се поднесува до Владата. Додека нема оцена за можната предложена идеја за инвестиција, дотогаш Владата не може да носи одлука, изјави Ковачевски.

И токму неофицијалните информации на Инфомакс се во насока на тоа дека клучната дилема за Владата, односно државата е дали навистина Малкович во Скопје планира да гради филмско студио или заедно со овој долгонајавуван проект сака да протне и лукративен бизнис со изградба и продажба на станови со огромни поволности за него како инвеститор и неговите бизнис парнери

И како и секогаш како „вообичаен осомничен“ (usual suspect) ја имаме матицата и главниот медар во Македонија, Христијан Мицкоски затоа што на човекот кој има направено доволно пари за 10 животи очигледно никогаш не му е доволно од кеш.

Граѓаните и јавноста веројатно и самите треба да си одговорат на прашањето зошто поранешниот ПР стратег на шарената револуција, СДСМ и претходната Влада го однесе Мицкоски и неговото најтесно партиско раководство, како и повеќемина вмровски градоначалници на вечера која чинела неверојатни 30 илјади евра во лукслузниот ресторан на Камник.

Голема е веројатноста дека таму наместо да се разговара и да се дефинира што е тоа стратешка инвестиција се разговарало за проценти и колачи.

Како што напоменавме сите скопски градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ присуствувале на настанот и веројатно локацијата на бетонското чудовиште кое ќе брои од 30 до 50 згради е договорено да се биде во некоја од вмровските општини иако Мицкоски декларативно се бори против бетонизацијата на Скопје.

Откако Мицкоски беше „заслепен од ѕведата“ на Малкович тој ја искористи можноста да се фотографира со него и даде бланко поддршка за проектот на својот фејсбук профил.

-На вечера со Џон Малкович и разговор за развојните проекти и филмските студија. Македонија мора да фати чекор со глобалните текови, нашата борба е да се развиваме во секој можен сегмент, напиша Мицкоски.

И не само што Малкович и Брнс го честеа Мицкоски ручек од 30 илјади евра туку поранешниот главен ПР стратег на СДСМ се фотографираше со Мицкоски на ручекот на Камник и истата фотографија беше објавена на Фејсбук профилот на Христијан Мицкоски.

Велат на лагата и се куси нозете, па така за широката македонска јавност полека, но сигурно се излегува на виделина. Соработката на Мицкоски со поранешното раководство на СДСМ очигледно не е само политичка туку веќе станува збор и за сериозна бизнис соработка.

Во првото јавно соочување на Мицкоски со Заев на телевизиска дебата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека тој е како надојден Вардар кој ќе го збрише СДСМ од политичката сцена, но веќе повеќе од очигледно е дека тој надојден Вардар само ја збриша наводната зла крв која пред очите на јавноста постоеше помеѓу раководствата на двете партии..

За некои луѓе се е бизнис и се е на масата, па дури и државата.

ИЗВОР: ИНФОМАКС

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.