Зошто производите за нега на кожата немаат дејство?

Борбата против несовршеностите на кожата најчесто се претвора од кратка битка во долготрајна војна. Сигурно ви се случило да согледате дека производите за убавина функционираат кај сите освен кај вас. Во продолжение прочитајте зошто рутината за убавина не го дава посакуваниот ефект.
Зошто производите за нега на кожата немаат дејство?
Не поминало доволно време
Не треба да се надевате дека ефектот ќе биде видлив веднаш, дури и ако тоа го пишува на етикетата на производот. За да ги видите ефектите од користењето на производот, треба редовно да ги употребувате најмалку 4-8 недели. Овие бројки се произволни затоа што врз ефикасноста на производот влијаат многу фактори, односно најмногу проблемот со којшто се бори личноста. Третманот на сувата кожа може да трае со недели или да трае со месеци ако сакате да ги намалите брчките или дамките на лицето. Но, ако по 3-6 месеци воопшто не сте забележале никаков резултат, тогаш немојте веќе да се надевате. Понекогаш изгледа дека производот дејствува уште по првата употреба, но дерматолозите предупредуваат дека таквиот ефект нема да трае долго. Тоа е повеќе привремено маскирање отколку решение на проблемот.


Ако рекламата звучи премногу добро за да биде вистинита, најверојатно е така. Она што ѝ помага на една личност може да биде неефикасно за друга. Многу е тешко да изберете козметика врз основа на препораки или реклами бидејќи секоја кожа е премногу индивидуална за да реагира исто на производите за нега.
Дури и оние производи кои им помагаат на повеќето жени и имаат многу позитивни препораки од реномирани експерти за убавина, може да бидат бескорисни или, во најлош случај, штетни за вас. Кога одбирате некој производ, обрнете повеќе внимание на составот отколку на нечиј совет и однапред утврдете кој е проблемот што сакате да го решите.
За пополнување на вашиот козметички несесер потребни ви се време, трпеливост и пари. Меѓутоа, внимателно избраните производи ќе ви помогнат да решите многу проблеми со кожата.
Избирате погрешни козметички производи


Различните проблеми бараат различни производи, така што колку попрецизно ќе ја поставите дијагнозата и ќе ги утврдувате потребите на вашата кожа, толку е поголема веројатноста да изберете производ што ќе го реши проблемот. Можете да ги откриете сите трикови за нега на кожата со помош на специјалист, но производот можете да го изберете сами ако знаете како функционираат одредени популарни состојки. Во продолжение има еден општ список на проблеми и козметички компоненти што ги елиминираат:
Акни: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина (БХА), ретиноид, салицилна киселина;
Темни дамки и хиперпигментација: алфа-хидроксилна киселина, хидрокинон, аскорбинска киселина, фитинска киселина, ретиноид;
Сувост: церамид, хијалуронска киселина;
Црвенило: алое, церамид, хијалуронска киселина, нијацин, пептиди, масло од роза;
Лузни: гликолна киселина, салицилна киселина;
Нерамна структура на кожата: алфа-хидроксилна киселина, бензоил пероксид, бета-хидроксилна киселина, церамид, хијалуронска киселина;
Брчки: ретинол.
Не мора да избирате помеѓу скапи и евтини производи
Иако поскапите состојки понекогаш се користат во поскапите производи, составот е многу поважен од брендот што е наведен на етикетата. Покрај тоа, важно е да знаете дека некои видови проблеми со кожата, како што е хиперпигментацијата, може ефикасно да се отстранат само со помош на професионална ласерска нега, со хемиски пилинг или со други третмани. Во ваков случај, козметичките производите ќе го намалат проблемот, но нема го решат, без оглед на тоа што ветува амбалажата. Дури и ако производот е идеален за вашата кожа, ефектот може лесно да се уништи со неправилна употреба. Некои производи не треба да се комбинираат, а други е најдобро да се применуваат по одреден редослед.
Најчестите препораки за убавина се да го нанесувате производот на чисто, влажно лице, почнувајќи од производи со понежна конзистентност и завршувајќи производи со подебела конзистентност: тоник, серум, па крем. Секој слој мора да се апсорбира пред да го нанесете следниот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.