Зошто седиштата во авионите се сини? Експертите ја откриваат вистината – никој не го очекуваше ова

Авионите на речиси сите големи авиокомпании од „Рајан Ер“, „Бритиш Ервејс“ до „Американ Ерлајнс“ имаат сини седишта, и тоа не е случајно.

Имено, таа боја има психолошки позитивен ефект врз патниците.

Водечкиот дизајнер на авијација Најџел Гуд, чија фирма работи со авиокомпании веќе 30 години, вели дека нивната работа како дизајнери е да го истакнат брендот на авиокомпанијата и да го направат препознатлив.

– Сепак, нашата главна грижа е да обезбедиме ентериер што обезбедува удобност и создава пријатна средина. Поентата е да се создаде што е можно помалку стресно искуство за време на патувањето, а сината боја евоцира смиреност – истакнува Гуд.

Ова го потврдува и авторката на „Водич за психологија на боите“, Анџела Рајт.

– Анксиозноста е многу честа појава во текот на летото, а сината боја има опуштачко и смирувачко дејство. Се поврзува со позитивни работи како што се доверба, ефикасност, веселост, свежина, па затоа не е изненадувачки што авиокомпаниите ја избрале оваа боја – вели Рајт.

Трендот на сини седишта во авионите започна пред неколку децении и опстојува.
The post Зошто седиштата во авионите се сини? Експертите ја откриваат вистината – никој не го очекуваше ова appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: