Дали сте знаеле дека сексот пред спиење може да го подобри квалитетот на сонот?
Науката го поддржува ова тврдење, сексот го зголемува нивото на окситоцин и го намалува производството на кортизол, хормонот на стрес. Според д-р Саралин Марк од Јејл, сексот релаксира и го подобрува квалитетот на сонот, пишува Women’s Health.
Истражувањата покажале дека секој шести доктор им препорачува на пациентите кои имаат проблеми со заспивање, да практикуваат вечерен секс.
Се смета дека сексот гарантира добар и квалитетен сон поради ефектите што ги има на телото.
„Практикувањето секс пред спиење може да го намали времето потребно да заспиете и да го подобри целокупниот квалитет на спиењето“, вели Шеа Морисон, основач на The Goodnight Co.
Крајниот заклучок на научниците е дека оргазмот ослободува пролактин, хормон кој ќе ве направи порелаксирани и поспани. Сето тоа доведува до состојба на совршено заспивање.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.