Зошто се препорачува консумирање калциум?

Калциумот е еден од основните додатоци во исхраната кој се препорачува за консумирање во комбинација со витамин Д.

По 30-годишна возраст, многу жени природно губат дел од коскената маса, а во овој процес се зголемува и ризикот од остеопороза. Калциумот е градежен блок на вашите коски, додека витаминот Д му помага на телото да го апсорбира.

По 30-годишна возраст, бројот на клетки за градење на коските се намалува, па затоа е важно да се обезбеди доволен внес на калциум за да вашите коски продолжат да бидат силни и отпорни.

Во периодот пред и за време на менопаузата, естрогенот се намалува, што го забрзува губењето на коскената маса. Тогаш калциумот е вашиот најдобар сојузник, бидејќи покрај тоа што ги штити коските, тој им помага и на мускулите, вклучувајќи го и срцето, да функционираат правилно. Доволно калциум значи посилни мускули и подобри рефлексни реакции.

За периодот од 31 до 50 години, се препорачува консумирање на околу 1000 милиграми од овој додаток дневно, додека за лица над 50 години, се препорачува зголемување на дозата на 1200 милиграми дневно.
The post Зошто се препорачува консумирање калциум? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: