Зошто се случува телото да ни „отскокне“ додека спиеме

Сигурно некогаш ви се случило да заспиете и кога баш ви се чини дека тонете во најубавиот сон, наеднаш вашето тело ќе ве изненади и ќе „отскокне“ и ќе ве разбуди.
Еве што всушност се случува:
Научниците конечно објаснија зошто се случува вакво нешто, кое всушност е многу вообичаено.
Понекогаш се чини дека паѓате од голема височина. Луѓето на различни начини, се обидуваат да го објаснат тоа чувство, кое сите ние сме го доживеале.


Пред се експертите веруваат дека постои надворешно влијание, кое ја зголемува веројатноста на „отскокнување„ на телото, како што се на пример кофеинот и тутунот.
Препорачливо е да го испиеме последното кафе неколку часа пред спиење,зошто со тоа може да ја зголемиме шансата за оваа појава.
Некои од експертите тврдат дека овој недостаток всушност се случува и поради недостаток на сон, односно кога сте исцрпени и заспиете пребрзо.
Во првата фаза на заспивање, отчукувањата на срцето и дишењето успоруваат. Понекогаш кога е некоја многу уморен овој процес настанува ногу брзо, мозокот доаѓа до оваа фаза пребрзо и тоа го збунува.
Тогаш телото брзо реагира со хемикалии, кои предизвикуваат будење со „отскокнување“ на телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.