Зошто се јавува ВРТОГЛАВИЦА за време на бременоста?

Бременоста е прекрасно искуство и убав период во животот за повеќето жени, но за многумина бременоста има и некои непријатни симптоми. На пример, многу идни мајки доживуваат вртоглавица за време на бременоста.
Вртоглавицата е речиси неизбежен симптом во бременоста. Доколку се јавува повремено и брзо помине, нема причина за грижа, бидејќи тоа е нормална физиолошка реакција на организмот на промените кои настануваат во тој период.
Вртоглавицата најчесто се јавува во раните фази од бременоста и заедно со мачнината е еден од симптомите што повеќето трудници ги доживуваат во раната бременост. Иако гадењето може да придонесе за вртоглавица, тоа не е единствената причина. Вртоглавица може да се појави и во раната и во доцната фаза од бременоста поради промени во крвниот притисок. Ова обично не е причина за загриженост, бидејќи е нормално телото во кое расте нов човек да реагира на надворешни фактори со промени во крвниот притисок.
Проширувањето на крвните садови во мозокот, што предизвикува намален проток на кислород, е честа појава кај трудниците. Во тој случај најдобро е едноставно да легнете, да ги затворите очите и да се одморите. Проветрувањето на просторијата исто така може да помогне или, кога ќе се чувствувате подобро и кога ќе ви помине вртоглавицата, излезете надвор на свеж воздух.
Нискиот хемоглобин исто така може да придонесе за вртоглавица. Ова често се случува во бременоста заедно со гадење и намален апетит, што предизвикува телото да не добива доволно хемоглобин – супстанцијата која носи кислород до клетките.
Во овој случај, важно е да се зголеми внесот на храна богата со железо, како и да се избегне стресот, да не се работи премногу и да се спие доволно, бидејќи сето тоа може да влијае на појавата на вртоглавица.
Како да се спречи вртоглавица за време на бременоста
Ако причината за вашата вртоглавица не е посериозен медицински проблем за кој треба да разговарате со вашиот лекар, некои едноставни мерки можат да ви помогнат да избегнете вртоглавица за време на бременоста:
-Поминете повеќе време на свеж воздух
-Редовно проветрувајте го просторот во кој живеете
-Јадете здраво
-Избегнувајте ненадејни движења, особено кога станувате од седечка или лежечка положба
-Грижете се за вашето тело и благосостојба

Пронајдете не на следниве мрежи: