Миленко сега и Бачев ли ќе го шеруваш? -коментар на слеп партиски Македонец на пост кај Миленко Неделковски во врска со вчерашниот протест пред домот на Василевски.
-И до кога бре вака партиски пиунчиња?
-До кога ќе го потонувате ВМРО ДПМНЕ, а секаде ќе барате вина освен кај вас самите! А зошто да не го сподели?Што не му кажа што треба? Целта на гомното од човек Сашко Василевски беше да предизвика инцидент па меша баба и жаби!
Мене Бачев не ми е при срце сум кажал, јас сум ВМРОВЕЦ и јас по личности не се водам и токму поради тоа на иста маса последниве денови пиевме кафе затоа што Тој води битка за Македонија и со ништо не и нанесол штета! Со кого ќе биде поблизок е негова работа, но не е на штета на Македонија!Пратениците од ВМРО ДПМНЕ предавници заедно со тие од СДС се најголемите штетници во поновата историја!
Една друга празна глава партиска Македонска прашува зошто сме иделе само пред домовите на ВМРО ДПМНЕ а не и на тие пред СДС?Демек сме му штетеле на ВМРО ДПМНЕ!
Бреееј тенекија брееј!
Затоа што не сме ги гласале!
Затоа што не сме ги промовирале да ни го направат ова!
Затоа што за нас ВМРОВЦИТЕ СДС е злосторничко здружение а не партија!
И тоа е така 27 години!
И на сите протести најжестоки се критиките кон Заев и СДС!
Вие партиски потрчковци многу добро знаете дека наш глас за СДС ниту некогаш отишол,ниту па после ова предавство ќе отиде! Скраја да е!
Но ве боли тоа што додека Мицкоски и раководството спие, некој друг да не се наметне како политичка опција кај народот!
Тоа ви е болката! И вие не сте ништо поарни кога водите неискрена борба за Македонија со калкулации на кого ќе му дадете поени на кого ќе му одземете!
Овие протести требаше да ги прави лично ВМРО ДПМНЕ!
Партијата која ги предложи за пратеници! Градови да се блокираат а тоа да биде начин да се извини за катастрофалната кадровска политика!
Но ВМРО ДПМНЕ процени дека со исклучување на пратениците и на Мијалков работата е завршена! Никаква борба ниту пред гласањето,ниту после тоа!
Мислат дека со тоа ќе останат чисти!
Сепак и предавнициве пратеници и Мијалков упатуваат и кон прашања за белата палата!Мицкоски сега се споменува ама околу овие горе наведени избегнува да говори! Зошто????
Ќе се дознае наскоро!