Зошто сме поефикасни кога имаме повеќе обврски?

Дали некогаш сте се запрашале – како е можно најдобро да излегувата на крај со обврските баш тогаш кога ги имате премногу?
Од друга страна, ако пред вас има само една задача, ја одложувате до бесконечност… Одговорот на ова прашање го има психологијата.
Брзиот живот во 21-ви век нè „меле“, но научниците докажале дека колку повеќе обврски имаме, толклу побрзо и поефикасно ги завршуваме.
И затоа, не бегајте од нови задачи, бидејќи така ќе стигнете да ги одработите и старите. Исто така, ако ви е потребна некоја услуга, обратете ѝ се на (пре)зафатена личност, бидејќи веројатноста дека таа ќе ви помогне е многу голема.


Психолозите велат дека луѓето кои имаат многу работа, немаат навика да ги одложуваат обврските, подобро се организирани и научиле да се носат со негативните емоции и неочекуваните ситуации.
Освен тоа, многу побрзо ги извршуваат задачите од оние кои го имаат целото време на светот.
Луѓето со малку обврски секогаш одолговлекуваат, а потоа „драмат“ кога ќе го надминат рокот, додека зафатените луѓе знаат како да се изборат со негативните проблеми, да го решат проблемот и да најдат излез од кругот на обврски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.