Зошто тој престана да ви пишува?

Почнавте нешто, а тој потоа се повлече. Веќе не се јавува и не ви дава објаснувања. Не можете да погодите зошто тоа се случило, ниту пак како. Од ваша гледна точка, работите веќе не почнаа ниту да се одвиваат, а според него тие веќе завршија поради нејасни причини (за вас). Ова се некои од можностите зошто тој веќе не ви обрнува внимание.
Сè уште не ја преболел претходната девојка
Тоа што меѓу вас постои голема привлечност не значи дека тој е подготвен за нова врска. Можеби тој само го испитувал теренот, дали ќе може да започне нова врска но сфатил дека нема да успее. Тоа е една од причините зошто би се повлекол. За него во тој момент е наједноставно да ја прекине врската без објаснување, бидејќи не сте го достигнале тоа ниво во врската кога би се чувствувал одговорен дека мора да ви објасни што се случува во неговата глава. Тоа што вие мислите дека би требало да ви даде некакво објаснување, нему не му значи ништо. Тој е оптоварен со други работи.
Живеете далеку
Доколку живеете во различен град или држава, тоа за него е причина да ги прекине работите пред да станат пресериозни. Тој сака да се откаже пред да почне да чувствува нешто и се надева дека подобри нешта ќе најде во својата близина, отколку некаде далеку каде мора да вложува и дополнителна врска.


Не чувствува дека постои компатибилност меѓу вас
Можеби забележал дека меѓу вас не постои хемија, односно двострана привлечност за да функционира врската. За него во тој момент е полесно да ги прекине работите, отколку дополнително да навлегува во посериозна врска во која не може премногу да придонесе поради недостатокот на хемија.
Му правите притисок
Постојано се чувствува како да му правите притисок, како да сте напорни и како да сакате многу брзо да се одвива врската. Тоа тој го доживува како агресија и во вас не гледа сензуална девојка која треба да ја освојува.
Мисли дека не ви се допаѓа
Ова е слично како и недостатокот на привлечност, со таа разлика што тој ве обожава и му се допаѓате, но не може да го забележи истото и од ваша страна. Можеби е во право, бидејќи вашата тактика да го држите на дистанца и да се однесувате студено за него е порака дека треба да се откаже.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.