Млекото е одличен извор на хранливи материи, одлично е за здравјето на вашите коски, а најмногу корист од него ќе имате доколку пиете 1 чаша пред спиење.
Млекото содржи соединенија кои помагаат да имате квалитетен сон
Неколку студии докажаа дека млекото го подобрува квалитетот на сон бидејќи содржи триптофан и мелатонин.
Триптофан е аминокиселина која има голема улога во производство на серотонин, хормон кој ни овозможува да се опуштиме. Мелатонинот е заслужен за да спиеме мирно и долго.
Млеко = извор на протеини
Ако вечерате пред да си легнете, големи се шансите дека ќе се мачите да заспиете. Од друга страна, не треба да си легнете гладни, па затоа треба да изедете нешто неколку часа пред да си легнете.
Доколку од некоја причина сте ја прескокнале вечерата, испијте 1 чаша млеко и ќе заспиете лесно.
Консумирањето на млеко пред спиење има и психолошка позадина – ќе се потсетите на моментите од детството кога сте ја имале истата навика, а ова може да делува смирувачки и ќе ви помогне да заспиете полесно.