Ако мислевте дека диеталната Кока-Кола е подобра од обичната, треба да размислите повторно. Според новите истражувања, диеталните газирани пијалоци имаат сериозно влијание врз вашето здравје, дури и кога се сервирани во мали дози.
Едно ново истражување коешто е објавено во медицинското списание „Харт“ покажува дека оние кои ги конзумираат две лименки газиран пијалок во денот, без разлика дали е обична или „диетална“ имаат 23% повеќе шанси од добивање срцева болест.
Од 42.000 учесници во истражувањето, кај 4000 имало проблеми или откажување на срцето, а биле пријавени и 509 смртни случаеви. Исто така вредно е да се спомне дека сите испитаници биле машки затоа што машките се соочуваат со поголем ризик од срцеви заболувања за разлика од жените.
Сепак, навистина изненадуваат овие резултати со оглед на тоа дека долго време се веруваше дека диеталните газирани пијалоци се помалото зло и поздравата варијанта од обичните газирани пијалоци. Иако се разбира, никогаш не се подразбираше дека се најздрав пијалок, но имаа мала предност пред обичните газирани сокови. Сепак, дојдоа доказите дека не било баш така.