Зошто треба да ставате влажно марамче во машината за перење?

Секоја домаќинка има свои трикови и тајни за одржување на ред во домот, но никогаш не се на одмет плус советите.
Дали и вие се мачите по секое перење да ги исчистите влакната кои се лепат на облеката и трошите уште толку време на нивно отстранување иако сте ја испрале облеката?
За среќа, постои решение за овој проблем, а трикот е во обичните влажни марамчиња.
Како функционира трикот со марамчињата?
Земете неколку обични влажни марамчиња и ставете ги во машина заедно со облеката за перење. За време на перењето, марамчето ќе се врти на различни страни и ќе ги собира малите влакна од коса, крзно или волна на себе.
Така, облеката ќе излезе чиста, а марамчето ќе ги соберете сите несакани влакна кои остануваат на облеката.


Како да одберете марамчиња?
Обрнете внимание на неколку правила за најдобар ефект:
Марамчето треба да е од поцврстите за да не се искине
Не ги бирајте марамчињата со силни ароми
Не користете двапати исти марамчиња
Посебно добри се антибактериските марамчиња
Не користете повеќе од 2-3 марамчиња на едно перење
Други трикови за ефективно перење на облеката:
Ставете 2 таблети за машинско перење садови во машината за облека и пуштете ја празна на 60˚С за одвреме-навреме да ја прочистувате од бактерии и нечистотии.
За да им ја вратите белината на работите, додадете неколку таблети аспирин.
Ставете неколку коцки мраз во машината за да се измазнат гужваните делови од облеката.
Ставете топче направено од алуминиумска фолија за облеката да не се електризира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.