Зошто треба да јадете домати секој ден?

Докторите постојано ве потсетуваат дека треба да јадете овошје и зеленчук за да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Меѓутоа, новата студија откри дека одредени намирници може да го намалат ризикот од различни кардиоваскуларни болести.
Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, кардиоваскуларните болести се најголемата причина за смртност во САД.
Истражувачите во Универзитетот во Наполи ја истражуваа врска меѓу ризикот од срцеви болести и начинот на исхрана. Ги проучувале црвеното месо, јајцата, млечните производи, оревите, доматите.
Како што може да се очекува, главниот заклучок е дека консумирање на исхрана богата со зеленчук и мала количина на месо го намалуваат ризикот од смрт и срцеви заболувања.
Кога јадете помалку месо и го зголемите внесот на зелен лиснат зеленчук и домати, го намалувате ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Доматите се богати со антиоксидантот ликопен кој ја подобрува васкуларната функција и помага во заштита и од други болести.
Доколку јадете најмалку две порции зеленчук секој ден се намалува ризикот од смрт од срцеви заболувања, а ова особено се однесува на доматите и зелениот лиснат зеленчук.
Намалете го внесот на месото на две порции неделно или помалку за да го сочувате здравјето на срцето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.