Зошто треба да јадете лубеница секојдневно за време на летото?

Само едно парче лубеница овозможува 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага при апсорпција на железо, одржување на здравјето на кожата и имунитетот, како и при зацелување на раните. Овој витамин содржи и антиоксиданти, па спречува оштетување на клетките со неутрализација на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареењето и со појавата на одредени болести.
Постојат сè повеќе докази дека луѓето што јадат многу овошје и зеленчук, со цел да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц, имаат постабилен крвен притисок од оние што не внесуваат доволно ваква храна. Имајќи го сето ова на ум, прочитајте ги следниве 3 причини зошто треба да искористите летниот период и секојдневно да јадете лубеница!


1. Имунитет
Лубеницата има многу витамин А, кој игра важна улога за здравјето на очите, растот на коските и репродукцијата. Витаминот А е од витално значење и за многу други функции, вклучувајќи ја и регулацијата на имунитетот и производството на лимфоцити. Само едно парче лубеница овозможува 30% од дневните потреби за витамин А.
2. Слабеење
Со оглед на тоа дека многу земји имаат и повеќе од 60% возрасни со прекумерна телесна тежина, за сите овие луѓе е драстично зголемен ризикот од заболување со хронична болест. Ако сакате да го намалите овој ризик, мора да поработите малку на својата тежина, а нема подобар начин за тоа јадењето лубеница за време на топлите летни денови.


3. Срце
Истражувањата покажале дека луѓето што јадат најмалку три оброка со овошје и зеленчук на ден, имаат значително помали шанси за смрт од мозочен удар, болести на срцето и други кардиоваскуларни нарушувања во однос на луѓето што јадат само една порција дневно

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.