Веројатно не би гризнале јаболко или не би ставиле неколку зрна грозје во уста без претходно да го измиете.
Свесни сте дека ја јадете лушпата од овошјето и којзнае што се крие внатре. Но, што е со бананите и авокадото, овошје кое се лупи пред консумирање? Експертите за безбедност на храна велат дека и тие треба да се мијат.
„Производите што имаат кора треба да се мијат под млаз чиста вода, дури и ако имате намера да ја фрлите лушпата. Тоа е најдобра практика во безбедно ракување со храната што го намалува преносот на нечистотија или микроби што може да се најдат на лушпата од овошјето што сакате да го консумирате“, изјави за Huff Post Тамика Сим од Меѓународниот информативен совет за храна.
Додека нечистотијата може да се види, преостанатите пестициди или микроби кои можат да предизвикаат болести преку храна не се видливи со голо око. Затоа Симс се залага за миење на целата храна пред јадење.
„Кора од банана, лушпи од авокадо и други производи со дебела надворешна површина се подеднакво подложни на бактерии како и помеките овошја и зеленчуци со понежна кожа“, забележува експертот за безбедност на храна Тревор Крег.
Американската агенција за храна и лекови откри листерија и салмонела на надворешната страна на авокадото. Подебелата кожа го отежнува влезот на бактериите или нечистотијата во месото, но кога ќе сечете овошје, сепак можете да ја загадите храната со ножот. Миењето на кората ја намалува веројатноста за тоа да се случи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.