Кои форми преовладуваат во вашиот дом – правоаголни или кружни? Многу е веројатно дека имате повеќе предмети „со ќошиња“, но постои многу добра причина зошто треба да имате што повеќе тркалезни предмети во домот.
Зошто тркалезниот мебел и тркалезните украси треба да доминираат во домот?
Имено, докажано е дека тркалезните форми имаат позитивно и смирувачко влијание врз човечката психа и дека поттикнуваат чувство на среќа, па не треба да ве изненадува тоа што тркалезниот мебел е многу попривлечен за окото.
Поради мазната, заоблена линија што не се прекршува никаде, тркалезните предмети се вклопуваат многу лесно во кој било простор за живеење, а можете да започнете со тркалезна масичка и перници.
Фенг Шуи открива дека предметите со остри агли носат лоша енергија во споредба со фината тркалезна геометрија.