ЗОШТО УКРАИНА ТОЛКУ ГУ САКА ТЕНКОВИТЕ „ЛЕОПАРД“? Поранешен американски генерал тврди: „Со незапирлива сила ќе УДРАТ НА ДВЕ ЦЕЛИ“

Украинските војници можат да користат тенкови Леопард за офанзива во југоисточниот правец, кон Мариупол и Мелитопол, изјави за Политико поранешниот командант на американските копнени сили во Европа, генерал-полковник Бен Хоџис.

Американскиот портал забележува дека, според Хоџис, Киев ќе го таргетира југоистокот, поточно Мариупол и Мелитопол, со цел да го „пресече копнениот мост на Русија со Крим“.

Војната во Украина ПУЛС24 ја следи секојдневно
За вас на оваа тема имаме 1000 текстови ТУКА!

– Украинците ќе се обидат да го удрат копнениот коридор со незапирлива сила – рече Хоџис.

Претходно медиумите објавија дека САД ја советувале Украина да ги повлече своите сили од Бахмут во областа Доњецк со цел да започне подготовка за офанзива на југот на земјата.

Германската влада претходно објави дека донела одлука за префрлање на германските тенкови „Леопард 2“ во Украина, наводно со цел формирање два тенковски баталјони.

Во првата фаза од залихата на Бундесверот ќе бидат испратени 14 тенкови „леопард 2“, тип А6.

Претходно, раководството на Полска објави дека е подготвено да пренесе до 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина како дел од меѓународната коалиција. Пред тоа, земјата веќе префрлила околу 250 тенкови Т-72 во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, најави дека неговата администрација ќе и обезбеди на Украина 31 тенк М1 Абрамс од американско производство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.