Зошто Шврговски земал по 4.000 евра како адвокат на Дрисла? Обелоденети огромни хонорари…

Вработениот во Дрисла, кој живеe во Австралија, а примал плата со месеци е кумашин на поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Некако се поврзани чудно работите?

Според извори од Дрисла, вработените биле револтирани од тоа што нивниот колега прима пари, а не работи, па по разрешување на претходниот директор, Горан Ангелов веднаш се пожалиле на новиот директор, Коста Начевски. По ревизијата на сметководството било утврдено дека вработениот повеќе од три месеци не доаѓал на работа, а се водел дека е на годишен одмор, по што добил отказ како што налага законот.

Шврговски пак добивал по неверојатни 4.000 евра месечно, но доаѓањето на новиот директор, договорот бил раскинат.

Шилегов неодамна обелодени дека од ревизијата било утврдено оти Дрисла секој месец плаќала по 10.000 евра за три адвокати, за кои пари за година и пол би можела да ја купи машината за сепарирање, која депонијата ја нема, а чини 200.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.