„Не верувам во меилови. Јас сум старомодна девојка. Повеќе сакам да ја кревам и спуштам слушалката.“
Кој подобро ја разбира забавата, солзите и смеата на љубовните зависници во Њујорк од колумнистката Кери Бредшо?
Секогаш пркосна спрема табуата и деликатните теми, слободната и величествена Кери ни објаснува се, од лечење на скршени срца до најдобрите места за запознавање на фраери. И , пак после години истражување, сфаќања, подеми и падови, таа продолжува да верува дека еден ден ќе ја пронајде својата сродна душа во бетонската џунгла на Големото јаболко или пак на другиот крај на светот Париз или Дубаи.
Светот на Кери е магичен. Се водиме по нејзините постапки, наоѓаме барем едно машко кој го добива епитетот „Ѕверка“ , го копираме нејзиниот стил, во потрага сме по нашиот геј најдобар пријател… Модерната бајка на Кери наречена Сексот и градот низ шест возбудливи сезони и два филма ја раскажува нејзината животна приказна, со многу пораки и секојдневни постапки..
„ Ние четири“
Секоја сцена каде ги затекнуваме Саманта, Шарлот, Миранда и Кери како самоуверено чекорат по врелиот њујоршки асфалт, стана легендарна. Ѕверката донесе добар заклучок во една од епизодите. Саманта, Шарлот и Миранда беа трите најголеми љубови во животот на Кери, а тој беше среќен што застана на четврто место. Можеби најважната работа на која нè научи оваа серија е дека пријателките се од особена важност и мора да бидат вреднувани. Тие се совршено избалансирани, искрени и зборливи. Од ден на ден се повеќе уживаат во своите коктели , салати, колачи и најважно една во друга. Во друштво секогаш е се послатко.
„Ги сакам моите пари таму каде што можам да ги гледам, во мојот гардеробер..“
Таа ја знае модата и има стил. Најсмела на ова прашање од било кој лик во сите серии некогаш, Кери е вистински моден камелеон. Можеме да ја видиме како во текот на еден ден променува се- од детски панталони и баретки, преко разиграни цветни принтови, до свечени црни тоалети. Нејзиниот гардеробер е сон на секоја урбана девојка.
„Ако сакаш некого и прекинете, каде таа љубов оди?“
Љубота е воздухот за Кери. Без разлика дали се работи за Ејдан во чии слатки постапки секоја девојка би се стопила, за ексцентричниот Петровски, или нејзината љубов Џон, Кери пред публиката не се страми да ги покаже своите чувства. Таа е решена да биде среќна.
„Некој луѓе одбиваат да се задоволат со било што помалку од пеперутки во стомакот.“
Пишувањето колумни е работа од соништата. Неколку паметни редови и луѓето ве обожаваат. Работата на Кери е влезница за сите места во градот, првите редови на модните ревии и овозможуваат познанства со вистинските луѓе.
“Навистина е тешко да чекориш во чевли на сингл девојка – затоа понекогаш Ви требаат некои навистина посебни.”
Сеуште не сакате да чекорите во чевлите на Кери?
Неколку илјади карактери месечно за Вог и овозможуваат бесплатни дизајнерска облека и најдобрите чевли. Позната по елегантните високи потпетици, Кери доживеа да биде запросена со најдобрите чевли на Маноло Бланик.
Сепак после се Кери останува фин, срамежлив и помалку несигурен лик, од серијал кој сепак на крајот донесе многу важен заклучок. Најважна врска е она која ја имате сами со себе. Мажите можеби се надополнување, засладување, посакуван додаток или романса, но не и ваша неопходна половина без која не можете да опстанете.
„Затоа не заборавајте прво да се заљубите во себе.“„Не верувам во меилови. Јас сум старомодна девојка. Повеќе сакам да ја кревам и спуштам слушалката.“