Политичката незрелост, немањето став и катастрофалните грешки на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, освен со континуираните изборни порази, резултираа и со скандалозен рејтинг според кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во историјата на повеќепартискиот систем не е повеќе најпопуларен ниту опозициските политичари.
Мицкоски три години повторува дека неговата политика била „сите зрна во амбарот“, но по се изгледа дека амбарот не е неговиот туку тој на лидерот на Левица , Димитар Апасиев.
Не само што Мицкоски не успеа да ја обедини партијата, туку таа никогаш не била поделена повеќе од тоа што е во моментов. Разединетоста резултира со исклучително низок рејтинг на Мицкоски кој во моментов е под рејтингот на Димитар Апасиев.
Во телефонски спроведената анкета на агенцијата “М проспект”” на репрезентативен примерок од 1 000 испитаници, најголем пораст на поддршката има кај Димитар Апасиев со 29,7%.
Во однос на личниот рејтинг на лидерите на двете најголеми партии, првиот човек на владата и СДСМ, Зоран Заев ужива поддршка од 39,7% од испитаниците, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е поддржан од 28,3 % од испитаниците.
Карактеристично е тоа што најголем процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден од лидерите. Убедливо мнозинство од испитаниците не веруваат ниту во Заев, ниту во Мицкоски, односно 59,4 отсто изјавиле дека немаат доверба во Заев, додека дури 70 проценти не веруваат во Мицкоски. За него особено е забележително дека тој има исклучително ниско доверба кај припадниците на албанската заедница, вклучително и кај гласачите на Алијанса и Алтернатива со кои тој се обидува да воспостави некој вид на неформална соработка.
Разликата меѓу Заев и Мицкоски континуирано се зголемува
Мицкоски и пред парламентарните избори имаше полош рејтинг од Заев, но од јуни до сега разликата меѓу нив двајца е неколкукратно зголемена. Цената на нискиот рејтинг на Мицкоски ја плати партијата со загубените избори и покрај тоа што незадоволството од работењето на владата беше огромно. Се чини дека и сега, ВМРО-ДПМНЕ не може да капитализира ништо од бугарското вето и проблемот со вакцините и справувањето со здравствената криза, заради тоа што Мицкоски веќе никој не го третира сериозно во јавноста.
Имено во јуни на анкетата на М-Проспект објавена на Телма, Зоран Заев имал 3,8 отсто преност пред Христијан Мицкоски, а 36,1 отсто од испитаниците немале доверба во ниту еден политичар во Македонија.
Слични беа рејтинзите кои ги објавуваа и други извори.
Меѓународниот републикански институт на почетокот на годинава објавува дека Заев води скоро двојно пред Мицкоски, иако двете партии имаат приближно ист рејтинг, каков што е рејтингот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во актуелнава ситуација. Според ИРИ , рејтингот на Заев изнесувал 13%, а тој на Мицкоски 6%.
Агенцијата Рејтинг објави дека Заев го води Мицкоски со 32% спроти 27%,а пред изборите во Јули Брима Галуп излезе со истражување според кое Заев има доверба од 9,4%, а Мицкоски е со рејтинг 4,2%.
Наместо да се повлече, Мицкоски ја влече партијата од пораз во пораз
После поразот на предвремените парламентарни избори, иницијативата за вонреден конгрес составена од високи партиски функционери побара одговорност од Мицкоски и инсистираше тој да си го одржи ветувањето дека ќе ја напути функцијата доколку не формира влада, дури и во случај на победа на изборите.
Веднаш потоа се јави со критика и поранешниот Министер за надворешни работи, а почна да се шпекулира и за трета група која функционира околу Фондацијата Конрад Аденауер.
Во последно време на критиките кон актуелното раководство се надоврза и поранешниот амбасадор во Унгарија Игор Есмеров, но и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов. Излегуваа во јавност и советници и цели општински комитети со барање за одговорност и вонреден конгрес, но сите беа игнорирани.
Во последно време и други членови на партијата јавно излегуваат со критики за правецот во кој што ја води Мицкоски и начинот на кој што го прави тоа.
Извор: Медиа.мк