Ибраими/Демири: ИГРАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Двајцата репрезентативци на Македонија кои се од албанска националност во интервју за „Лајм“ повикаа да се навива фер и коректно за Македонската фудбалска репрезентација, како што вели миленикот на ВИСТИНСКИТЕ фанови на нашата репрезентација, популарниот „Ибра“… „играме за Македонија, нема потреба да ги влошуваме односите од етнички аспект“.
Двајцата репрезентативци на Македонија кои се од албанска националност во интервју за „Лајм“ повикаа да се навива фер и коректно за Македонската фудбалска репрезентација, како што вели миленикот на ВИСТИНСКИТЕ фанови на нашата репрезентација, популарниот „Ибра“… „играме за Македонија, нема потреба да ги влошуваме односите од етнички аспект“.
„Да, ги слушнав навредите и не ми беа добронамерни, затоа што играме за Македонија и нема потреба да ги влошуваме односите од етнички аспект. Ова не е во ред. Затоа апелираме до навивачите, во идните наши претставувања во репрезентацијата, на самите фудбалски натпревари таквите навреди да прекинат, едноставно не ни се допаѓаат таквите појави. Бараме максимална поддршка за националниот тим, да го бодрите на фер и коректен начин“ вели Ибраими во изјавата за „Лајм“.
И Мухамед Демири со свој коментар, репрезентативецот кој сигурно е „движечка сила“ во нашиот национален состав, кој даде огромен придонес за нашата репрезентација.
„Не можам да разберам како е можно таквото сценарио со оглед на тоа што ние сме сепак репрезенти на Македонија. Мислам дека треба да преземе некој чекор Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и да се избегне оваа непријатна појава. Јас искрено се надевам дека таквите навреди спрема нас кои беа присутни на мечот со Данска ќе бидат последни“ вели Демири за „Лајм“.
ВИСТИНСКИТЕ фанови на Македонската репрезентација беа вчудоневидени на „Филип Втори“ по неверојатните испади на дел од гледачите на натпреварот со Данска, ги навредуваа репрезентативците кои рака на срце прикажуваат феноменални партии за Македонија, едниот (Ибраими) веќе по четврти пат постигнува погодок за Македонија и останува отворено прашањето „НА КОГО МУ ОДГОВАРА ЦЕЛАТА ПРЕКРАСНА АТМОСФЕРА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ДА СЕ РАСПАДНЕ КАКО КУЛА ОД КАРТИ И НА КОГО МУ СМЕТААТ ПОБЕДИТЕ НА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ?!“.
Фото: lajmpress.com
 
Читајте следно:
СПЛОТЕНОСТ НА ТЕРЕН, разочарување на трибините…Двајцата репрезентативци на Македонија кои се од албанска националност во интервју за „Лајм“ повикаа да се навива фер и коректно за Мак

Пронајдете не на следниве мрежи: