Златан Ибрахимовиќ сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како ужива во џакузи на отворено во снежна идила додека на планината каде што престојувал врнело снег.
Ибра е познат како хедонист, а често споделувал интересни моменти од приватниот живот со своите обожаватели, но овој пат не ја открил својата локација.
Во секој случај, Ибрахимовиќ изгледаше многу опуштено во видеото и уживаше во снежната идила околу себе.
Ибрахимовиќ неодамна го прослави својот 44-ти роденден и си купи нов луксузен автомобил. Легендарниот Швеѓанец додаде Ферари Ф80 во својата гаража.
Роден во Розенгорд, Шведска, во текот на својата кариера играше за некои од најдобрите клубови во светот, вклучувајќи ги Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
The post Ибрахимовиќ ги „полни“ батериите на планина, уживаше во џакузито на отворено додека врнеше снег appeared first on Во Центар.



