Ибрахимовиќ го постигна својот 500-ти гол во кариерата

Суперѕвездата на МЛС лигата, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го постигна својот 500-ти гол во кариерата.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси се запиша во листата на стрелците со акробатски потег, со високо крената нога и ја затресе мрежата на шампионот Торонто.
Лос Анџелес Галакси загуби со 3:5 во возбудливот дуел во МЛС, но натпреварот помина под светлината на неверојатниот гол на Ибра. Поранешниот ас на голем број европски гиганти веќе има 17 погодоци во американскиот шампионат и заостанува само зад Џексон Мартинез од Атланта Јунајтед, кој има постигнато 28 гола.

Со 30 бодови, Торонто е деветти во Источната конференција и заостанува за девет бода зад шестиот Монтреал Импакт, кој ја зазема последната позиција што води во осминафиналето на плеј-офот.
Лос Анџелес Галакси, пак, се осми на Западот со 38 бодови и заостануваат за ѓест бода зад шестиот Портланд Тимберс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.