Ивановски на 13.место на ЕП на маратонската трка во Белгија!

Уште еден одличен настап на еден од нашите најдобри атлетичари. Имено Дарио Ивановски денеска на маратонската трка на ЕП во Белгија, успеа да го освои 13.место во и тоа како силна конкуренција на 42 маратонци.

Ивановски маратонската трка ја истрча за 2:14,12 часа. Победи Италијанецот Илијас Ауани со време 2:09,05 часа.

Ова за Ивановски беше 13 истрчан маратон во кариерата.

На ова ЕП во женска конкуренциј настапи и Адријана Поп Арсова која на 10км заврши на 74.место.

Пронајдете не на следниве мрежи: