Иванов го поздрави потпишувањето на Протоколот за влез во Алијансата

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Како што соопшти неговиот Кабинет, Иванов “секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија“.
– Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси, се вели во соопштението.
Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, се додава, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.