Г-динот Иван Анастасовски, основач и Претседател на Институтот „Глобал“, кој презентира и апелира на толеранција преку спортот, во интервју за „Пулс24“ вели дека е убеден дека Македонија има повеќе искрени поддржувачи на националниот тим, отколку “навивачи во тренд“, кои ја спроведуваат агендата на разни центри на моќ.
Г-динот Иван Анастасовски е Доктор по кинезиолошки и социлошки науки, професор на Факултетот за физичка култура во Скопје, визитинг професор, долгогодишен спортски работник, основач и Претседател на Институтот „Глобал“ кој презентира и апелира на толеранција преку спортот, член е на Националното тело за спречување на насилство на спортски настани.
Пулс24: Го формиравте институтот „Глобал“, имавте акции и со помош на претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов, како помина целата таа идеја до овој момент, има ли напредок на терен?
Иван Анастасовски: Институт „Глобал“ се формира како потреба на нашето општество кое од пред 20 години се гради со својот мултиетнички карактер. Интитуот „ГЛОБАЛ“ како потреба на денешното време претставува корегирање на меѓуетничките односи кои се уште некој сака да ги претстави како затегнати. Затоа се собравме група на млади ентузијасти од повеќе области и го фомиравме „ГЛОБАЛ“ се цел да делуваме во повеќе области. Но поради мојот спортски и научен беграунд и мојот ангажман во спортски асоцијации како во Македонија така и надвор од неа, „ГЛОБАЛ“ го доби епитетот одржување на толеранција токму преку спорт (иако можеме да делуваме и во други области), „ГЛОБАЛ“ мошне успешно ја заврши реализацијата на проектот во нашата држава насловен како „СПОРТ КАКО ФАКТОР ЗА ТОЛЕРАНЦИЈА, ЗАЕДНИШТВО И ПОЧИТУВАЊЕ„ кој беше под директно покровителство на Претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов, и со цврста подршка од неговата екселенција, г-динот Пол Волерс, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, и градоначаниците на општините учесници во проектот, Фудбалска Федерација на Македонија, Факултетот за физичка култура – Скопје, АД ЕЛЕМ Македонија, ЕВН Македонија, Бучен Козјак – Куманово, Кватро – Куманово, Градба Промет – Кавадарци, ИЦТ Креатив груп – Скопје, ресторанот Everyday – Скопје, БААП – Виена. Од кој произлеле и книга под исто име каде автори се покрај мене, колегата Лазар Нанев, Ахмед Ќазими – советник во кабинетот, Перо Момировски – новинар на „АЛФА ТВ“ и потпретседателот Ѓорги Павлов, која беше промовирана на Првата меѓународна Конференција во Скопје, исто така насловена како и самиот проект. И како врв на целиот проект на наше големо задоволство претседателот, г-динот Иванов зема една од престижните награди во Сочи на минатогодишниот Форум на „PEACE NAD SPORT 2012“ како резултат на реализација на целиот прокет, со што само и меѓународно се потврди нашата активност во Република Македонија.
Пулс24: Ги следите настаните во спортот општо земено, доколку погледнете реално и објективно, има ли во Македонија шанса/потенцијал за реализирање на идеите кои ги презентирате?
Иван Анастасовски: Оти и природата на мојата научна работа е поврзана во поголем дел со спортот, па така морам да пратам она што е во мој научен пред се интерес за мене како поединец, и потоа сето тоа да го преточам во одредени стручни и научни дела се со цел да му се помогне на спортот. Македонија е интересно поднебје, како дел од поранешната Југославија, на нашите простори има голем талент кој се уште поради лошата економска ситуација која не следи долги години не можеме да го поставиме тој талент на вистинско место. Де факто постигнуваме одредени успеси на меѓународен план со истакната улога во индивидуалните спортови па и нешто во колективни, но сепак тоа не е доволно за она што можеме да бидеме прознатливи во европската спортска јавност. Ако имате воља да работите, и да сте упорни, секоја идеја може да се реализира. Токму и поради тоа на последната средба кај претседателот Иванов со претставниците на „ГИ ГЛОБАЛ“ се сложивме дека минатогодишниот проект е пример како од една идеја без финансиска конструкција во даден момент се направи вистински амбиент и успешна реализација. Од тие причини идеите особено во спортот секогаш можат да бидат од голема опшетствена корист и место за прибирање на младите луге и нивна промоција во самиот систем, јас го охрабрувам секој човек кој има одредена идеја (а веќе гледам дека мои студенти им се отвораат видици и прошируваат погледи), да ја промовираат барем денес тоа со технолошката револуција е лесно. Ние како „ГИ ГЛОБАЛ“ веќе ги почнуваме подготовките за новиот проект 2013 година со иста екипа која и работевме лани со тоа што имаме и нови партнери за кои и овде премиерно би сакал да им се заблагодарам на „ТТК Банка“ која не себично се реши да подржи проект кој преку спорт им дава можност на сите маргинализирани групи да се вклучат во нашето општетсво.
Пулс24: Бевте член на УО (управен одбор) на Фудбалската Федерација на Македонија, добро го познавате „фудбалскиот терен во Македонија“ односно „Македонската фудбалска навивачка-трибина“, многупати имате пишувано анализи на таа тема, каде сме, што сме, и …КАКО СМЕ со таа ситуација во моментов…?
Иван Анастасовски: Да, неколку години учествував во работата на Управниот одбор на ФФМ, со што можам одговорно да ги презентирам резултатите од моето учество во тој одбор. Јас сум со став дека е потребно во иднина да дојде и до комплетна реформа по хиерархијата надолу во нашиот фудбал. Јас како личност стојам на став дека секоја промена носи надеж и дека работите ќе одат на подобро, затоа да им дадеме шанса да лугето заедно со новиот претседател да покажат јасно дека овие промени ќе одат на подобро и ќе дадат добри резултати. Инаку фудбалот денес не како општествено добро туку како бизнис исклучиво зависи од капиталот, така да ако има капитал во фудбал ќе има подобра игра и резултати. Ако гледаме дека државата ги донела сите законски предуслови за придобивање на капиталот во спортот т.е фудбалот, а компаниите и понатаму немаат интерес или сенс за тоа да својот капитал го усмерат во спортот, спортот и понатаму ќе биде на реаниматорски апарати кај нас. Иако, според мене, многу е важно како држава за кој модел на финасирање во спортот ќе се определиме во иднина, дали ќе избереме неинтервенистички модел што е одлика на развиени либерално-капиталистички системи или интервенистички модел кој е синомин за минатиот систем каде државата ќе го има спортот под своја капа. Моето искуство во спортот говори дека нам ни одговара некој трет модел кој е комбинација од овие два горе наведени, а тоа значи и да имаме сопственик ама и да ни ја дава централната или локалната власт и притоа да постават свои послушници на раководни и стручни позиции во одреден клуб, што претставува нон сенс. Мој личен став е да се определиме за неинтервенистички модел и да му дадеме шанса преку законски решенија на приватниот капитал да влезе во спортот во Република Македонија, а централната и локалната власт нека си финансираат спортски манифестации од државно или локално значење.
Пулс24: Доколку погледнеме во внатрешната смисла на НАЦИОНАЛНАТА селекција, што е „КЛУЧОТ на успехот“ во нашата селекција во моментов, на што се должи таа игра „СО СРЦЕ НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА“ од страна на репрезентативците кои се од Албанска националност, реално и објективно, не е во прашање градење на кариера, Мухамед Демири има 17 настапи/1 погодок за Тун (Швајцарија) и е најстандарден од средниот ред на овој тим, Агим Ибраими е „главна АЛКА“ на словенечки Марибор, 15 натпревари, 4 погодоци… На што се должи оваа пожртвуваност за Македонија од нивна страна, има ли некоја атмосфера и “приказна“ од НАЦИОНАЛНАТА “соблекувална“ за која сеуште никој ништо не знае, на што се должи оваа сплотеност?
Иван Анастасовски: Во спортот, во една селекција играат најдобрите и најспремните, и тоа е факт, не играат верата и бојата на кожа, политичка определба, сексуална ориентација или пак етничка припадност, тоа во глобалниот модерен свет денес делува смешно. Пароли од типот срце на терен, душа за државата или слични фрази од минатото се одлика на искомплексирани системи. Мораме да сфатиме дека привилегија за секого е да го носи државниот дрес и да ги брани боите на Републиката и при тоа да го дава својот максимум на терен, па ако сакаат и да извлечат играчите некој бенефит за себе (подобар договор со клубови) но сепак тоа е должност на спортистите. Сепак, јас не сум тренер за да коментирам стратегија која ја гради стучниот тим на нашата репрезентација, они ја сносат целата одговорност за атмосферата и амбиентот во тимот. Ќе повторам, играта е знаењето и способноста (вештините) а не бојата и етникумот, која е разликата помеѓу резултатот кој ни го носи Бо Мекелеб или Агим Ибраими или пак Кире Лазаров, логично е да се гордееме со тие успеси а нашата држава станува промовирана насекаде.
Пулс24: Случајот околу скандирањата на национална и верска основа на натпревари на нашата Национална репрезентација е тема која ја разбрани речиси целата спортска јавност во државава, на кого му одговара да се уништи како „кула од карти“ целата оваа прекрасна атмосфера, каде е одговорноста според вас, бидејќи таа „црна дамка“ е од трибините…?
Иван Анастасовски: Повеќе години наназад се обидувам да и' укажам на македонската јавност дека токму меѓуетничките конфронтации може лесно да ескалираат на некој спортски настан, особено фудбалски. Во Македонија има голем број припадници на албанската етничка заедница кои се сопственици или водат фудбалски клубови. Може да се претпостави дека се формираат навивачки групи со доминантно етнички состав Албанци. Ако има меѓуетнички ескалации, тие може да се случат на фудбалски натпревари, а тоа би била искра за посериозни вакви активности понатаму. Како што напоменавте, во националниот тим настапуваат успешно фудбалери кои играат надвор од границите на Македонија а се припадници на друга етничка заедница. Мора да се убедат навивачите, особено оние кои доаѓаат на стадиони за себе промоција и понижување на другиот дека со таквото однесување не му помагаат на фудбалот во РМ, туку напротив во целост му одмагаат.
Пулс24: Го анализирате однесувањето на трибините, според вас, како да се тргне овој „црн облак“ кој ја прати нашата Национална фудбалска репрезентација, каде според вас е решението?
Иван Анастасовски: Многу пати сум рекол и еве пак ќе повторам, прво мора да им дадеме шанса на сите законски решенија кои имаат допирна точка со оваа материја а се на сила во нашиот систем, понатаму мора да се работи цврсто со групите кои се предодредени да ја диригираат атмосферата на стадионите и да се седнува со нив на заедничка маса како превентивни мерки. Другата активност е непопуларна, т.е. репресивните мерки кои знаат да вродат со плод. Затоа има разни примери во ЕУ на начин на кој членките се справуваат (успешно или неуспешно ) со ваквите феномени.
Пулс24: Многумина ВИСТИНСКИ фанови на Македонската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи упатија огромна поддршка за Ибраими, Демири па и Хасани… може ли ова да претставува отсликување на идниот ПАТ, може ли ова да значи дека созреавме, дека би можеле да продолжиме НАПРЕД, да не застануваме во овој мошне важен момент?
Иван Анастасовски: Јас сум убеден дека има многу повеќе искрени подржувачи на нашиот национален тим отколку “навивачи во тренд“ кои ја спроведуваат агендата на разни центри на моќ. Без оглед дали се од македонската или албанската страна. Органите мора да се позанимаваат со тоа за спречување на насилно и недолично однесување на спортски терени. Секој совесен граѓанин на РМ ќе ги осуди таквите провокации без оглед кон кого се упатени. Таквите навреди не му одат во прилог на нашето општество кое се уште има проблеми на тој меѓуетнички план, т.е. некој се уште се обидува да ги држи тие прашања отворени за свои цели, тие што генерално не само на фудбалските стадиони мислат дека не можеме да градиме зедничка иднина едноставно не припаѓаат во оваа општество, барем денес се е либерално и отворено, можат да ја побараат својата среќа низ светот.
Пулс24: За крај, мечот со Белгија, звучи можеби преоптимистички дека очекуваме победа, но како и да е, што би им порачале на оние кои ќе бидат на „Националната Арена Филип Втори“ за тој меч?
Иван Анастасовски: Јас си поставив задача дека и покрај моите обврски со мојот син ќе го гледаме мечот со Белгија. Секој натпревар треба да го гледаме со оптимизам и да направиме успех, но мораме да сме свесни дека и поразот е сосема нормална опција во спортот. Јас и синми имаме друга конотација за натпреварот со Белгија, таму настапуваат најголем број на играчи кои ги бранат боите на Лондонските сини Челси а ние сме страстевни подржувачи на тој клуб, така да со посебен драж ќе уживаме на тој меч. А нашиот тим би било добро да победи од повеќе причини.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Г-динот Иван Анастасовски, основач и Претседател на Институтот „Глобал“, кој презентира и апелира на толеранција преку спортот, во инте