Иван со три жени: Ако една ме налути, нема еден месец кревет со неа

34-годишниот Иван Суков од Русија има три жени и девет деца, а се надева дека ќе има уште жени и најмалку 50 деца. Според законот, тој може да има само една жена, а другите две се со него врз основа на устен договор. Наталија и Иван се 11 години во брак, а еден ден тој ѝ рекол дека сака големо семејство. “На почетокот бев против тоа и не можев да ја замислам целата ситуација, но потоа се предомислив бидејќи тој навистина сакаше да има големо семејство”, изјавила Наталија која работи како медицинска сестра во локалната болница.
Иван е татко на девет деца, а десеттото е на пат. Тој има шест деца со Наталија, а мајката на останатите деца е неговата втора сопруга Ана. Неговата трета партнерка е Мадина која неодамна влегла во семејството, и тоа противејќи се на своите родители и религијата.
“Го видов на телевизија и се заљубив во него. Одлучив да бидам со Иван и без оглед што моите родители се против тоа”, изјавила Мадина.
Семејството живее во стан со три спални соби, но Иван вели дека планира селидба во голема куќа во предградието. Имено, тој сака да има вкупно 50 деца. Секоја ноќ ја поминува со различна партнерка, но доколку една од трите направи нешто што нему му смета, тој ги казнува така што им ускратува секс, односно не ги повикува во неговата соба додека е лут. “Ако некоја од моите жени направи нешто погрешно, таа не доаѓа кај мене во кревет цел месец”, вели Русинот кој бара уште жени кои по можност треба да бидат “високи, слаби и нежни”.
Извор: слободен печат

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.