ИВЗ конечно се вразуми! Ќе се молат од дома муслиманите

Ова мораше конечно да се случи, и никако религијата или верата не смеат да бидат оправдание за неодговорно однесување и доведување на популацијата во општа опасност – (забелешка наша).

Исламската верска заедница донесе одлука привремено да се откажат сите молитви во џамиите, како петочната, така и сите останати.

Сулејман ефенди Реџепи, ги повика верниците в петок напладне во нивните домови да ја извршат молитвата. 

Реџепи ги повика сите муслимански верници да избегнуваат масовни собири и да ги следат препораките од надлежните институции и да не создаваат паника. Во случај на смртни случаи од Ковид 19, погребот ќе се направи од страна на државните надлежни органи поради контаминација.

Во образложението на оваа одлука Реисул – Улема на ИВЗ, Сулејман еф. Реџепи, го цитира Куранскиот ајет, во кој Алах џ.ш. вели „и не доведувајте се себеси во уништување, туку чините добро”, (Ел Бекаре:195) и еден Хадис на Пејгамберот а.с. кои што вели: „Ако во едно место се појави епидемија, тие што се наоѓаат во тоа место не смеат да го напуштат, додека пак тие што се вон тоа место не смеат да патуваат кон него“.

ПРОЧИТАЈТЕ НА ТЕМАВА УШТЕ И:

МЕРКИ (14.3.2020)

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.