Ивица Коневски со тужба за Наум Стоилковски

Денеска поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф.

Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено неговата немоќ да се соочи со конструктивните критики кои му ги упатив по изборниот пораз.

Тој, со ваквото однесување, уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние кои недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.

Јас сум сигурен дека за многу кратко време Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крај ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.