Сопругата на Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска попладнево добила заканувачки пораки од Наталија Ивчева која премина во ВМРО-ДПМНЕ. Пораката следи откако Бошкоска за медиумите изјави дека трансферот на Наталија Ивчева во ВМРО-ДПМНЕ чини 100.000 евра и дека самата одела по амбасадите да се жали и истото било документирано. Во првата порака што пристигнала пишува на што ќе ги потроши парите.
„Ќе ги потрошам за да ве уништам, сега си заслужи, се што имам документи за Љубе да ги обелоденам. Господ да ви е на помош“. Веднаш по неа следела уште една порака:
„А заборавив, дебело ќе платиш, сега зборев, очекувај кривична за клевета и лага“. Бошкоска која е во Хрватска вели дека Ивчева слободно може да тужи но дека има докази и сведоци за тоа дека самата говорела дека и се нудат 100.000 евра. Според Бошкоска, Ивчева и самата одела во една опозициона партија да бара заштита од како што рекла „понудата на владата“. Што се однесува до заканите дека ќе објавувала документи, Бошкоска вели:
„Слободно, ако има нека почне уште од вечерва да обjaвува“. Бошкоска тврди дека и за бројот на мобилниот веќе има доказ дека и припаѓа на Наталија Ивчева.