Ига Швјонтек по третпат го освои пехарот во Рим




Најдобрата тенисерка на светот, 22-годишната Полјачка Ига Швјонтек, во саботното финале на ВТА 1000 турнирот во Рим ја победи Белорусинката Арина Сабаленка (ВТА – 2.) со 6:2, 6:3 и по третпат на Форо Италико го подигна победничкиот пехар.

Клучот за победата во финалето во Рим лежи во искористените „брејк“ топки. Швјантек искористи четири од седумте шанси, а Сабаленка имаше 0/7 од нив.

За Швјонтек ова е 21-ва титула во кариерата, а четврта сезонава. Воедно, полската тенисерка деветта по ред победи во финалните мечеви на ВТА турнејата. Последна којашто успеа да ја победи во меч за трофеј беше токму Сабаленка кога ја освои ланската титула во Мадрид.

Ова беше 11-ти меч на двете моментално најдобри тенисерки во светот и осма победа за Швјонтек. Полјачката и Белорусинката се сретнааа пет пати во финалињата на различни турнири и сите на земјана подлога, а Швјонтек четири пати излегуваше како победник на тие дуели.

Турнирот во Рим е трет на кој Полјачката го освои својот трет трофеј (претходно победи во 2021 и 2022 година). Претходно тоа ѝ успеа во Париз на Ролан Гарос (2020, 2022 и 2023) и во Доха (од 2022 до 2024).

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: