Игнорирањето е мајка на сите одмазди

Кога ќе ги повреди некој, најголем дел од луѓето се повлекуваат во изолација. Се чувствуваат како да се виновни и се прашуваат што направиле за да го заслужат тоа.
Но, не треба да заборавате – ако луѓето сакаат да ве повредат, тоа значи дека сте над нив. Така барем велат старите изреки.


Во денешното живеење, сите трагаат по успех, слава и моќ, а моралот и правдината полека како да ги снемува. Голем дел од луѓето сметаат дека газењето преку другите е потреба, а суетата станува дел од сечиј работен ден. Не недостасуваат и зависта и љубомората.
Многу често, неправдите поминуваат неказнето, а „поуспешни“ се оние луѓе кои немаат обзир кон другите луѓе. Кога во таквиот свет, тие ќе забележат личност која има морал и добар карактер, секако дека тоа ќе почне да им пречи. Тие прават се што е потребно за да ја внесат таа личност во своите драми и игри.


Но, ако било кога ви се случи тоа – не заборавајте: игнорирањето е мајка на сите одмазди.
Уште една позната изрека вели „ сѐ што е потребно за триумф е добриот човек да не направи ништо“. Тоа се однесува на недостатокот на реакција на туѓото зло. Кога ништо нема да направите, тоа значи дека се однесувате како ништо да не се случило, или тие личности како да не постојат.
Кога ги игнорирате, тие ќе се запрашаат зошто е тоа така. Тоа нема да им даде мир. Ќе се прашаат што размислувате, кој ќе биде вашиот следен чекор, зошто го правите тоа што го правите.
Но, на крајот ќе победите. Бидејќи секогаш ќе бидете подобри од нив. Никогаш на нивното ниво, никогаш дел од нивните игри и сплетки.
Не паѓајте во туѓата кал и делувајте според својата совест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.