Игор Александров од Австралија бара ВМРО-ДПМНЕ да вети дека нема да коалицира со ДУИ и БЕСА

Со статус на социјалните мрежи се огласи Игор Александров, прочитајте што вели:
“ВМРО-ДПМНЕ треба да даде недвосмислено ветување дека ќе ги третира Преспанскиот Договор, Уставот на Северна Македонија и законот за двојазичност како невалидни и дека нема да коалицира со ДУИ, БЕСА или друга етносепаратистичка, антимакедонска партија.
Треба да ја прочисти својата листа и партиските органи од опортунистички, кукавички квази-вмровци, за да има капацитет да го спроведе ветеното.
Треба како свои членови или коалиционери активно да бара припадници на етничките малцинства кои се лојални на Република Македонија, а во меѓувреме самата да промовира антидискриминаторски политики (за етничка, религиска, полова .. припадност) во согласност со највисоките светски стандарди.
За возврат, треба да добие апсолутна поддршка од секој противник на квислиншко-балистичкиот режим, за да има парламентарно мнозинство без коалиција.
Ако потоа го прекрши ветеното, треба да падне од власт побрзо и од Заев. Ако ништо друго, така граѓаните ќе ги превоспитаат политичарите, да знаат дека ветувањата и принципиелните ставови мора да вредат нешто.”

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.