Игор Којиќ се пошегува за разводот со Северина на својот Инстаграм профил
Сите зборуваат за разводот на Северина со Игор Којиќ. Таа молчи и не коментира. Но Игор реши со фотокоментар да ја објасни состојбата. Подоцна сликата е избришана. Сепак од фотографијата може да се видат доста детали.
На сликата на која тој и Северина се прегрнати, зад нив од грмушки ги ѕирка нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ. На сликата се ставени и логоата на двата медиума, кои најмногу пишуваат за нивниот развод и караници и веројатно од тоа печалат зголемување на тираж. „Генерален покровител на мојот брак, од доверливи шумски извори. Престанете жити Бога“ – ставил како коментар со сликата Игор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.