Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов се прости од својот колега Мето Јовановски, кој почина на 77-годишна возраст.
Во емотивната објава на Инстаграм, Џамбазов се присети на нивната прва заедничка претстава, „Смртта на Дантон“, на сцената на Драмскиот театар во осумдесеттите години на минатиот век.
„Драг мој Методија,
Се сеќавам на нашата прва заедничка претстава. ‘Смртта на Дантон’, Драмски театар, осумдесет и некоја. Ти беше Робеспјер, а јас бев Сен-Жист.
И плус бев во облаци. Јас, мочкото од Козле, на иста сцена со тебе. Како во совршен сон. За тие неколку недели на пробите научив повеќе за глумата, отколку на сите часови на академијата. Ти и не беше свесен колку мене ми значеше сето тоа…
‘Збогум сега за миг, и до скоро видување…’
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.