Играјте социјални игри за да го задржите мозокот во добра форма и во третото доба

Во германскиот стручен весник “Психологијата денес“ прикажани се пет начин кои го забавуваат процесот на когнитивно стареење.
Еден од петте добри начини да го задржите мозокот во добра форма, според весникот, е играње социјални игри.
Добрата форма се одржува и преку вежбање, особено танцување.
Уште една опција за задржување на “здрав разум“ во староста е и практицирање јога.
Според стручниот магазин, друг начин е да се биде социјално активен. Затоа, не се откажувајте од дружењето и пиењето кафе со пријателите.
И за крај, иако многу “стари луѓе“ веруваат дека тоа е комплицирано, користењето на компјутер е добро за “ментална гимнастика“.

Пронајдете не на следниве мрежи: